Кинезите во средата на 5-ти ноември го отворија осмото поглавје на својот Меѓународен саем за увоз во Кина, прв саем од таков вид во светот. На Саемот земаат учество компании од цел свет, со надеж дека ќе отворат фронт за своите производи и услуги на најголемиот пазар во светот.
За некого неочекувано, меѓутоа токму Донгфенг Мотор има клучно присуство на Саемот, како една од 14-те поканети државни компании што ја претставуваат земјата. На Саемот изложуваат 4.108 компании од 155 држави, региони и меѓународни организации. Меѓу нив се 290 компании од списокот на Глобал 500 на Форчјун. Бројот на изложувачи е за 23,1 проценти повисок во споредба со минатото издание на ЦИИЕ.
Донгфенг Мотор е веројатно најуспешниот кинески производител на автомобили на македонскиот пазар, со веќе звучни марки и модели на сцената, како ДФСК Глори, Фортинг Т5 Ево, Еолус Шајн, Донгфенг Нами Бокс, Фенгон 600 и уште дузина такви. Тоа што изненади, не е присуството на Донгфенг на Саемот за увоз, туку производите што се изложуваат. Соопштението наведува дека „Донгфенг Мотор ги претстави своите најнови достигнувања на подрачјето на интелигентни и електрифицирани технологии, меѓу нив контролни единици и самостојно развиени чипови“.
Токму чиповите се најголемиот проблем и со тоа најголема закана за автомобилското производство во светски обем, коешто во трговскиот спор меѓу САД и Кина, остана без снабдување од микрочипови од Нексперија.
Во таа смисла, пораката на Донгфенг Мотор укажува јасно: „Компанијата самостојно контролира клучни технологии и ресурси, вклучувајќи три електрични-технологии“. Тоа се батерии, електромотори, енергетска електроника, горивни ќелии, електронски и електрични платформи, и секако најважното „Чипови со автомобилски квалитет и интелигентно возење“.
Донгфенг на Саемот ЦИИЕ прикажува 15 чипови што се произведени во Кина и дејствуваат во пет подрачја – каросерија (пасивна безбедност), погонска спрега, подвозје, кокпит и автономно возење. Главниот нагласок е ставен на „самостојниот развој на чипови.“
За потсетување, тестот на Донгфенг Еолус Мејџ
Познавачите ќе толкуваат подобро за какви чипови станува збор: Кај-сајт-драјвер-чип ИНХ025Икс и драјвер чип со Х-мост ИНБ1060. Тоа се самостојно развиени чипови од Донгфенг. Кризата тука не важи.
Партнерство на Донгфенг со Нисан, прва заедничка инвестиција на странска компанија во Кина
Кинескиот производител уште во првиот ден од Саемот објави дека е формирана Нисан Импорт и Експорт (Гуангжу) доо, што е првпат странска компанија да влезе во заедничка инвестиција за увоз и извоз со кинески партнер. Фирмата е регистрирана со капитал од 1 милијарда јуани (138 милиони долари) и меѓу првите производи ќе ги нуди локално развиениот Донгфенг Н7 и пикапот Фронтир Про со приклучен хибриден погон, за којшто веќе е објавено во Аутомедиа. Нисан порака дека овој чекор е клучен за стратегијата „во Кина, за Кина, во светот“, како нова фаза за локален развој и оттаму кон ширење на светските пазари.
















