Кризата со Нексперија: Поранешниот огранок на Континентал најавува прекини во производството

Поранешниот огранок на Континентал за делови за автомобилската индустрија, Аутомовио, се подготвува за прекинување на работата, поради кризата со чиповите од Нексперија.

Аумовио е засебен огранок на Континентал, што е специјализиран за делови за автомобилската индустрија и котира на берзата од септември

Компанијата соопшти на 30-ти октомври дека постои опасност Аутомовио да ги испрати работниците на придунен одмор, поради тесното грло во снабдувањето со чипови, коешто ја затекна целата автомобилска индустрија, по трговскиот спор во којшто западна холандскиот производител на чипови Нексперија.

„Намерата ни е пофлексибилно да го менаџираме производството, во случај да продолжи прекинот со снабдувањето или да се појави скусување на продукцијата кај нашите клиенти, за на тој начин да го сведеме на најмала можна мера ударот врз нашата компанија и нашите вработени“, соопшти претставник на компанијата.

Континентал го одвои својот огранок за делови за автомобилската индустрија и го преименуваше во Аумовио, за целосно да се посвети на својот бизнис со гуми. Аумовио почна да котира на франкфуртската берза на 18-ти септември.

Аумовио има работна сила од 87.000 лица во светот, и е втор германски добавувач што предупредува за опасноста врз производството, откако Кина запре со извоз на чипови што Нексперија ги произведува во земјата. Чиповите се користат масовно во контролните системи на возилата.

Компанијата Роберт Бош соопшти дека не е исклучено да се појават прекини во производството, доколку не се подобри ситуацијата со снабдувањето со чипови.

Трговската војна меѓу САД и Кина води кон нова чип-криза, фабриките за автомобили имаат микрочипови за уште неколку недели

Кина го забрани извозот на производите што Нексперија ги произведува во земјата, како одговор откако холандската влада ја презеде контролата врз компанијата што е со седиште во Холандија, а чијшто сопственик Вингтек од Кина, се најде на црниот список на компании што Вашингтон ги смета како опасност за националната безбедност.

[the_ad id=”85764″]

Претходна објаваТојота Авто Центар во ново светло
Следна објаваКонцернот на Пежо и Фиат го зголеми прометот, но претстојат неизвесни времиња

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here