Тојота Авто Центар во ново светло

Центарот на една од најпродаваните автомобилски марки на македонската сцена се прикажува во ново издание. Уште на влезот во салонот на Тојота се пренесува клучната порака, дека клиентот е прв, а автомобилите се веднаш тука.

Средишното место во освежениот салон на Тојота и Лексус го зафаќа простор што потсеќа на кафуле, каде што клиентите можат да се запознаат со понудата од модели, со можностите за финансирање, конфигурирање на возилото, и секако, уште еден суштински дел од работењето на Тојота Авто Центар, замената на старото возило со ново.

Изгледот и стиловите на автомобилите се менуваат од генерација во генерација, под влијание на широк спектар од фактори. Денес се главни дигитализацијата и услугата, светот ги гледа и ги запознава автомобилите на друштвените мрежи уште долго пред тие да ја доживеат својата светска премиера на големите салони на автомобили и пред конечно да пристигнат во локалните салони.

Сите тие промени на автомобилската сцена доведоа и до соодветно менување на начинот на којшто марките ги пречекуваат и убедуваат своите клиенти, во салоните за автомобили. Затоа, кога денес ќе се влезе во новиот салон на Тојота, целиот средишен простор во салонот е резервиран за луѓето, за клиентите и за персоналот на марката.

Целата понуда од модели е присутна во салонот, меѓутоа не толку нападно како во класичен салон. Новините доаѓаат постојано, па така во посебен дел од салонот може да се погледне и открие новиот Лексус Л Б Икс, којшто како основа ја користи бестселерската Тојота, СУВ-изведбата Јарис Крос, меѓутоа додава премиум карактер. Тој е воедно и еден од моделите што најмногу придонесоа за растот во сегментот на малечки премиум автомобили.

Важен дел од настапот на Тојота пред македонските возачки и возачи секако е посредувањето со користени возила, што е со долга традиција во Тојота Авто Центар. Логиката не е новина, човек што е дојден по нов автомобил, треба добро и едноставен да го продаде својот стар автомобил.

Сервисирањето е „мал дел“ од марката, но функционира – мал дел во смисла на издржливоста што отсекогаш ги прати Тојотите. Во освежувањето на салонот секако дека е опфатен и тој клучен простор, во којшто корисниците на Тојота се чувствуваат како дома, додека чекаат возилото да се сервисира.

Претходна објаваВо Словачка не смее да се оди побрзо од 6 км/ч, инаку казна
Следна објаваКризата со Нексперија: Поранешниот огранок на Континентал најавува прекини во производството

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here