Кризата со чиповите на Нексперија ги погоди и јапонските производители на автомобили

Холандска Нексперија стана центар на трговската војна што се води околу ограничувањата за чиповите, што таа ги произведува во Кина и оттаму ги испорачува ширум светот. Кина го запре извозот, откако холандската влада под притисок на Трамп ја презеде компанијата.

Јапонските производители на автомобили предупредуваат за можна како последица од недостигот од чипови од Нексперија.

Од јапонското здружение ЈАМА укажуваат дека неизвесноста околу снабдувањето со чипови од Нексперија може го загрози светското производство на автомобили.

Повеќе јапонски производители ја проверуваат ситуацијата со снабдувањето.

Фолксваген предупреди дека постои опасност да го запре производството, доколку продолжи трговската војна околу Нексперија. Јапонските добавувачи сега ѝ се придружија на низата светски компании од автомобилската бранша, коишто предупредуваат за опасноста од „сериозен“ недостиг од полупроводници, поради проблемите околу холандскиот производител на чипови Нексперија.

Јапонска ЈАМА соопшти на 23-ти октомври дека производителите на автомобили во земјата преговараат со добавувачите, за да се избегне кризата.

Трговската војна меѓу САД и Кина води кон нова чип-криза, фабриките за автомобили имаат микрочипови за уште неколку недели

„Потврдивме дека холандскиот производител на полупроводници ги известил производителите на делови, дека тие повеќе не можат да ја гарантираат испораката,“ порача претседателот на ЈАМА, Масанори Катајама. „Свесни сме дека овој проблем може сериозно да влијае врз светското производство на нашите членки“.

Холандска Нексперија стана центар на трговската војна што се води околу ограничувањата за чиповите, што таа ги произведува во Кина и оттаму ги испорачува ширум светот. Кина го запре извозот, откако холандската влада под притисок на Трамп ја презеде компанијата.

[the_ad id=”85764″]

Во Јапонија, Нисан Мотор ја испитува ситуацијата и ги разгледува мерките за надминување на кризата. Оттаму не наведуваат дали прозиводството веќе е погодено.

Корпорацијата Тојота Мотор исто така соопшти дека ја проверуваат ситуацијата, меѓутоа не излегоа со поединости.

Мицубиши ги следи настаните и се координира со своите добавувачи. Од Субару не излегоа со коментар, но потврдија дека фабриките работат нормално.

Хонда не добиле директно соопштение од Нексперија, но потврдија дека некои од нивните добавувачи користат компоненти од компанијата. Производството засега не трпи последици, но се следи како понатаму ќе се развива ситуацијата.

Јапонските производители реагираа по еден ден, откако Фолксваген ги извести своите вработени дека не е исклучено запирање на производството, поради проблемите во веригата од добавувачи, предизвикани од Нексперија.

Нексперија е поранешен огранок на Филипс и во 2019 година беше преземена од Вингтек, кинеска компанија што изработува електронски компоненти за телефони и компјутери.

Холадската влада на 30-ти септември ја презеде контролата врз Нексперија, поради загриженост околу „достапноста на попупроводници што се клучни за европската индустрија.“ Пекинг одговори на 4-ти октомври и забрани производите на Нексперија да се извезуваат од Кина.

Претставник на кинеското министерство за економија, на конференцијата за медиуми на 16-ти октомври обвини дека САД ја убедиле холандската влада да преземе таков чекор.

Според Нексперија, Бирото за индустрија и безбедност на САД, на 29-ти септември издало налог да се прошири контролата на извозот на субјекти, што најмалку 50% се во сопствесност на компании од црниот список. На тој список се наоѓа и Нексперија, како огранок што целосно е во соспственост на Вингтек, кои уште од декември лани се на тој список.

Претходна објаваСајбер нападот врз Џагјуар Ланд Ровер ја скуси продукцијата во Британија за 27 проценти
Следна објаваКарлос Тавареш очекува Илон Маск да се повлече од автомобилската индустрија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here