Во септември во фабриките за автомобили во Обединетото Кралство биле произведени 51.090 возила, според статистиката на СММТ. Доколку се вклучат и доставните возила, падот во минатот месец бил уште поголем, со 36 проценти во минус. Причина за намаленото производство на доставни возила е затворањето на фабриката на Воксхол, којашто е дел од Стелантис, во Лутон.
ЈЛР постепено ги обновува сите подрачја од своето работење, откако сајбер нападот предизвика целосно запирање на производството на возила во најголемиот производител на автомобили во Обединетото Кралство. Прекинот траеше преку пет недели.
Тоа влијаеше и врз работата на стотици добавувачи и предизвика хаос меѓу помалите компании, коишто индиректно се поврзани со работењето на Џагјуар Ланд Ровер.
Британската влада мораше да реагира итно и помогна со заем во висина од 1,5 милијарда фунти.
„Иако ситуацијата е подобрена, производството на автомобили и натаму се наоѓа под силен притисок“, кажува Мајк Хејвс, извршен директор на здружението на производители СММТ.
Обединетото Кралство уште пред нападот врз ЈЛР се соочуваше со слабеење на својата автомобилска индустрија. Производството годинава веќе е опаднато значително и на пат е тоа да биде најслабата година во последните седум децении.
[the_ad id=”85764″]
Меѓу причините за тоа во одреден дел е самиот ЈЛР, по престанокот со производство на автомобили од марката Џагјуар, додека се подготвува новата генерација електрични модели од еклузивниот сегмент, еден сегмент повисоко од досега.
















