За да им помогне на помалите добавувачи, што се најдоа на работ на бездната, откако повеќе недели останаа без работа, Џеј Ел Ар најави дека ќе им плати во готовина, при повторното стартување со производство.
Џагјуар Ланд Ровер поседува три фабрикуи во Британија, што заедно произведуваат околу 1.000 автомобили дневно. Економистите предупредија дека предолгото затворање ќе влијае врз индустриското производство во земјата.
Џеј Ел Ар соопшти дека фабриките за мотори и батерии ќе продолжат со работа на 8-ми октомври. Истото важи и за делови од фабриките за монтажа на возила, вклучувајќи го каросериското одделение и лакирницата. По повеќе недели принуден одмор, дел од персоналот што брои 33.000 лица ќе се врати на работа.
Производствените ленти за Рејнџ Ровер и Рејнџ Ровер Спорт во матичната фабрика во Солихал ќе продолжат да работат подоцна неделава, соопшти компанијата.
Добавувачите на делови со коишто се снабдуваат производствените ленти точно според моменталните потреби (џаст ин тајм, без огромни магацини) отсега ќе бидат платени веднаш по добивањето на нарачката, соопштија Џеј Ел Ар. Досега важеше договор за подмирување на сметките во рок од 60 дена по доспевањето. На тој начин ќе се стабилизира важната верига од добавувачи и ќе се намали загриженоста околу опстанокот кај помалите бизниси.
Со Тојота Ландкрузер по тоа што некогаш било пат од Катланово до Велес
„Нашите добавувачи се клучни за нашиот успех и денес лансираме нов договор за финансирање, што ќе ни овозможи побрзо да им плаќаме на нашите добавувалчи, користејќи ја нашата финансиска моќ за поддршка на нивниот прилив на готовина“, порача во соопштението извршниот директор на Џеј Ел Ар, Ејдријан Мардел.
















