Голферка освои скап електричен БМВ со погодок од прва

Четири дами во професионалниот голф успеаја низ годините на Првенството на БМВ за дами да освојат автомобил од спонзорот, постигнувајќи погодок од еден удар. Најсвеж е успехот на 23-годишната Луси Ли од САД, сега сопсвеничка на електричната изведба од серијата 7 на БМВ.

Првенството во голф на БМВ за дами годинава се одржуваше на ново место, во Пајн Бич Голф Линкс, во близина на Кванџу, на брегот на Јужна Кореја. Луси Ли од САД успеа уште во првиот круг да постигне ас, на 13-та патека.

Спектакуларниот погодок беше постигнат со железна 7-ка од оддалеченост од 142 метри. Со тоа 23-годишната голферка освои целосно електричен БМВ и7 еДрајв50.

Ли е рангирана на 97-то место на светската листа и учествува во ЛПГА Турнирите од 2023 година, но досега нема постигнато победа на турнир. Со постигнатиот ас, таа сега се вброи во избраниот круг на спортистки што на професионалните турнири на БМВ ширум светот освоиле автомобил од баварскиот производител.

БМВ Јужна Кореја, како организатор на турнирот, имаше подготвено за доделување уште Мини Џон Купер Воркс Кантримен Ол4 за првиот ас во 8-та дупка, како и ексклузивен БМВ иИкс за 15-та дупка.

Ли е четврта натпреварувачка што со директен погодок има освоено автомобил на првенството на БМВ за дами. Првпат тоа ѝ успеа на Кристен Гилман на првиот турнир во 2019 година. Таа во Бусан го постигна првиот ас во својата кариера, со хибридна 4-ка од оддалеченост од 164 метри и со тоа освои БМВ 740Ли икс Драјв.

[the_ad id=”85764″]

Во 2022 година се случи во ист ден да бидат постигнати два аса, а со тоа и да бидат доделени два автомобили БМВ. Корејката На Јеон Чои освои БМВ Икс 7 икс Драјв 40и, а кусо по неа на Арија Јутанугарн од Тајланд ѝ се посреќи да стане сопственичка на БМВ 740и.

На турнирот во Јужна Кореја учествуваа 78 професионални спортистки, кои се натпреваруаа за награден фонд од 2,3 милиони долари.

Претходна објаваВолво и Полстар сочинуваат 95% од продажбата на Џили во Европа
Следна објаваАлфа Ромео ги откажа електричните Џулија и Стелвио, нема нови модели до 2027 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here