Канада доби фабрика за батерии за електрични автомобили вредна 5 милијарди долари

Некстстар Енерџи е заедничка компанија во сопственост на концернот Стелантис и Ел Џи Енерџи Солушн. Фабриката во Виндсор, во канадската провинција Онтарио е вредна 5 милијарди УС-долари.

Главната дејност на фабриката Некстстар е производство на електроди, изработка на ќелии и составување модули за батерии за електрични автомобили.

Компанијата доби употребна дозвола на 30-ти септември, со што и службено се потврди дека изградбата е завршена.

Денис Ли, извршен директор на Некстстар Енерџи, во соопштението изјави дека компанијата сега „преоѓа од изградба во работење.“ Ли нагласи и дека фабриката била „завршена сигурно и навреме“.

Фабриката располага со капацитет од 49,5 гигаватчасови, што е доволно за изработка на батерии за околу 450.000 електрични автомобили. Од неа ќе се снабдуваат фабриките на Стелантис во Северна Америка.

Меѓу главните дејности е производство на електроди, изработка на ќелии и монтажа на модули. Некстстар досега има вработено 950 лица, планот е вработувањата да достигнат 2.500 лица.

„Инвестицијата вредна 5 милијарди долари нé постави на врвот на електрификацијата и нашата колективна обврска за соработка, развој на земјата, инфрастуктурата и отворање работни места, продолжува да привлекува нови инвестиции и да гради основа за растот и развојот на Виндсор и Есекс во иднина,“ порача градоначалникот на Виндзор, Дру Дилкенс.

Изградбата на заедничката фабрика на површина од близу 40 хектари започна во 2022 година.

Повеќе од 9.000 канадски работници учествуваа во изградбата во којашто се вложени 8,4 милиони работни часови.

Видеото од тестот на најдостапниот електричен автомобил во Македонија

Проектот наиде на кус застој во изградбата, откако компанијата и владата на Канада, предводена од тогашниот премиер Џастин Трудо, се најдоа во спор околу учеството на државата во финансирањето на изградбата.

Фабричкиот парк се состои од 11 објекти: Две главни производствени хали – една за изработка на ќелии, другата за нивно составување во модули – и девет пратечки објекти, вклучувајќи центар за рециклирање и лабораторија за проверка на безбедноста.

Преостануваат уште неколку мали зафати во подрачјата што не се опфатени со производството, така што фабриката доби одобрение и подготвена е за почеток на производството, порачаа од Некстстар.

Претходна објаваЏенерал Моторс сака да им продава електричен Бјујк на Кинезите
Следна објаваЕлектричните автомобили на Стелантис и Рено од Кина поевтини од велосипед со новите субвенции во Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here