Џенерал Моторс сака да им продава електричен Бјујк на Кинезите

Џенерал Моторс Кина сака да се врати во бизнис со Бјујк Електра Л7, локално развиен модел со хибриден погон со продолжен досег.

Бјујк Електра Л7 е е хибридна лимузина од средна класа со продолжен досег, што на 28-ми септември беше пуштена во продажба во Кина.
  • Џенерал Моторс почна со продажба на Бјујк Електра Л7, модел што е развиен во Кина.
  • ГМ се префрлува од електричните модели врз платформата Ултриум, на модели од локално производство.
  • Бјујк планира за 12 месеци да пушти шест модели Електра со платформата Шао Јао.
  • L7 со хибриден погон со долг досег, во Кина почнува од 173.900 јуани (24.424 долари).

Џенерал Моторс планира да го врати во живот својот бизнис во Кина, со низа модели со електричен и хибриден погон, што се развиени локално. Претходниот обид за пробив на најголемиот пазар за електрични автомобили во светот, со модели врз база на платформата Ултриум развиени во САД, пропадна.

ГМ го пушти првиот од новата серија модели, со ознака Л7. Хибридната лимузина со продолжен досег се продава под новата подмарка Електра на Бјујк.

Бјујк Електра Л7 располага со хибриден погон со долг досег и се произведува во САИЦ-ГМ во Шангај. Тоа е заедничка компанија на ГМ со САИЦ Мотор, којшто произведува и дистрибуира автомобили од марките Бјујк, Шевроле и Кадилак.

Според ГМ Кина, возилото е конструирано врз платформата Шао Јао, којашто е развиена од Пан Азија Тенхикал Аутомотив Центар. Тоа е заеднички центар за инженеринг и дизајн на ГМ и САИЦ.

Бјујк во следните 12 месеци планира уште пет модели со електрифициран погон, што ќе ја користат платформата Шао Јао. Намерата е со нив да се покрие целиот ценовен спектар на пазаротна возила со електрифициран погон, соопшти ГМ Кина н на 28-ми септември, при лансирањето на Л7.

За да фати чекор на пазарот на електрични возила во Кина што се развива брзо, ГМ од 2022 година има лансирано четири модели во Кина – Бјујк Електра Е5 и Е4, како и Кадилак Лирик и Оптик.

Но, овие модели што се базираат врз платформата Ултриум на ГМ, не можат да им парираат на Тесла и на моделите од локалните производители на ЕВ, вклучувајќи ги Ли Ауто или Шаопенг. Тие не му се конкурентни со цената ниту на Би Уај Ди, најголемиот производител на електрични возила во Кина.

На 21-ви април, на настан во Шангај, ГМ ја претстави Електра, како подмарка на Бјујк што ќе продава само во Кина, со модели базирани врз платформата Шао Јао.

Шао Јао дозволува изведување лимузини, СУВ и повеќенаменски возила, со преден или заден погон, како и со погон на сите тркала. Таа дозволува и неколку видови погон, вклучувајќи електрични автомобили и приклучни хибриди.

Л7 поседува турбо-бензинец од 1,5 литар и батерија литиум железо фосфат (ЛФП), со којашто лимузината постигнува електричен досег до 302 километри. Потоа со комбиниран погон се постигнува досег до 1.420 километри.

Возилото располага со паметни системи за асистенција што се развиени од кинеската самостојна компанија за автономно возење Момента. Овие системи овозможуваат автоматско возење во град и самостојно паркирање.

Возачот гледа во проекциски дисплеј со виртуелна реалност од 50 инчи, што ги проектира информациите врз ветробранот. Во средината се наоѓа екран од 15,6 инчи, со различен приказ од секоја страна.

Претходна објаваПорше и есенва дојде да ги поздрави своите македонски обожуватели, првпат се возеше хибридна 911-ка
Следна објаваКанада доби фабрика за батерии за електрични автомобили вредна 5 милијарди долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here