Кинески ГАЦ и Шаопенг почнаа да произведуваат автомобили во Австрија

Магна Штајер ќе ги произведува електричниот СУВ од средна класа Ајон В и компактната комбилимузина Ајон УТ во фабриката во Грац, Австрија.

Кинеските производители на електрични автомобили Гуангџоу Аутомобил Груп (ГАЦ) и Шаопенг почнаа со производство на своите ЕВ во фабриката на австриска Магна Штајер, што произведува возила по налог.

Овој потег ќе им овозможи на кинезките производители да ги избегнат дополнителните царини што ЕУ ги воведе за увозот на електрични автомобили од Кина.

Двата модели на ГАЦ, СУВ-моделот од средна класа Ајон В и компактната комбилимузина Ајон УТ ќе се произведуваат во фабриката на Магна Шајер во Грац, во јужна Австрија.

Шаопенг соопшти на 15-ти септември дека првите примероци од електричните СУВ-модели Г6 и Г9 веќе се симнале од производствената линија во Грац.

Шаопенг го пушти во работа и својот центар за развој во Минхен. Овој центар ќе му овозможи на Шаопенг да развива нови модели што ќе се произведуваат во фабриката на Магна, вклучувајќи електрични лимузини. Компанијата сака на тој начин да ја прошири својата понуда од модели во Европа и да го зголеми кругот на купувачи.

Шаопенг Г6 цели директно на Тесла Модел Ипсилон. Во заднина е Г9

Шаопенг почна да продава во Европа уште во 2021 година, во Норвешка. Оттогаш, марката е присутна на 12 пазари во Европа, вклучувајќи го Обединетото Кралство, како најнов пазар.

ГАЦ ќе се шири на повеќе пазари во Европа

ГАЦ ја пушти марката Ајон на европскиот пазар, со премиерата на салонот ИАА во Минхен, на 8-ми септември. Производителот најави дека во текот на септември ќе почне да продава и во Полска, Португалија, Финска. Целта е до 2028 година да се покрие целиот европски пазар.

Ајон В им конкурира на модели како Фолксваген ИД.4, Шкода Ениак и Пежо е-3008

СУВ-моделот од средна класа може да мине 520 километри со полна батерија, мерено според ВТЛП, и располага со 400-волтна мрежа, што овозможува батеријата да се наполни од 30 до 80 проценти за покусо од 20 минути, соопшти производителот.

Ајон В ќе стартува од 37.000 евра, зависно од пазарот. Поскапите изведби ќе располагаат со седишта со масажа и вентилација, панорамски покрив и задна клупа што се спушта.

Моделот ја користи платформата АЕП 3.0 што ГАЦ првпат ја примени кај моделот Хајпер ГТ, соперник на Тесла Модел 3, со предни врати што се отвораат нагоре.

Комбилимузината Ајон УТ е соперник на Фолксваген ИД.3 и Липмотор Б05. Моделот УТ се очекува да чини под 30.000 евра.

Важно засилување за Магна Штајер, откако престана производството за БМВ и Џагјуар

Со внесувањето на моделите на ГАЏ и Шаопенг во производство, Магна Штајер го доби неоходното засилување на продукцијата во својата фабрика во Грац, откако во минатите месеци завршија договорите со неколку автомобилски компании. Во фабриката во австриската покраина Штајр се произведуваат легендата Мерцедес-Бенц Г-Класа, исто како и БМВ Зед-4 и Тојота Супра. Двата спортски модели ќе престанат да се произведуват кон завршетокот на следната година.

Договорите за производство на електричниот СУВ-модел Џагјуар И-Пејс и за компактниот СУВ-модел Е-Пејс завршија лани. Дополнителното производство на серијата 5 на БМВ заврши во 2023 година.

Магна соопшти лани дека стапила во преговори со кинески производители на автомобили, со цел да се надомести за загубената продукција.

Повеќе кинески производители на автомобили бараат локации за да произведуваат во Европа, заради избегнување на царините.

Би Уај Ди кон завршетокот на годинава ќе почне да произведува во својата новоизградена фабрика во Унгарија. Малечкиот електричен автомобил Долфин Сурф ќе биде првиот модел на Би Уај Ди од европско производство, најави извршната потпретседателка на комапнијата, Стела Ли, за време на салонот ИАА во Минхен.

Чери исто така врши монтажа на возила од полуготови китови во Шпанија, со помош на локалниот партнер Ебро, како и ДР Ауто во Италија.

Претходна објаваКиа Спортаж влегува со водство во второто полувреме
Следна објаваФолксваген Туарег се враќа како електричен СУВ, прв со новата платформа ССП

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here