Фолксваген заштеди 600 милиони евра при развојот на новите електрични модели

Концернот Фолксваген заштеди милиони евра, со тоа што заеднички ги развиваше четирите мали модели со електричен погон за своите марки Фолксваген, Шкода и Купра. Тоа му овозможи на германскиот производител да сведе цените на ниво на кинеската конуренција.

ИД Крос, што јавноста го виде како концептен автомобил, е модел со слична големина со Фолксваген Т-Крос. Соперници му се Рено 4 и Фиат Гранде Панда.

Воведувањето на четирите малечки електрични модели, што ќе бидат понудени по цени од 25.000 до 30.000 евра, ќа ја пополнат големата дупка во понудата од електрични модели на концернот Фолксваген.

Германскиот производител на автомобили во моментов нема малечки електрични модели во својата понуда. Тоа им дава големо предимство на соперниците, како Рено и Стелантис, како и на кинеските марки, коишто го напаѓаат европскиот пазар со електрични автомобили со подостапни цени.

Сеат и Купра, шпанските ограноци на групацијата Фолксваген, го раководеа развојот на новите електрични модели. Тие се дел од Електрик Урбан Кар Фемили, односно од семејството електрични градски автомобили. Сите четири модели ќе се произведуваат во Шпанија.

Купра прикажа маскиран примерок од Равал

Вкупната заштеда што ја постигна Фолксваген при развојот на моделите надминува 600 милиони евра, посочи Томас Шефер, кој е задолжен за големоволуменските марки на концернот.

Групацијата Фолксваген ги прикажа електричните модели, од кои дел во фаза блиску до сериски модели, а дел готови модели со маскирана каросерија, на салонот ИАА во Минхен.

Четирите електрични модели се комбилимузината од градска класа Фолксваген ИД Поло и малечкиот СУВ-модел ИД Крос, Купра Равал како уште еден модел од градската класа и малечкиот СУВ-модел Шкода Епик.

Шефер кажа дека електричните модели ќе ја користат платформата МЕБ+ на концернот Фолксваген, во верзијата со преден погон. Освен со досегот што изнесува 450 километри, моделите се одликуваат и со брзо полнење, како и со просторна внатрешност. Сите модели ќе користат верзија од „мошне конкурентниот“ софтвер на моделот од средната класа ИД7, додаде шефот.

Заедничките делови ги намалија трошоците

Во деновите на салонот, извршниот директор на Сеат и Купра, Маркус Хаупт, посочи дека заштедата е постигната со помош на заедничкиот тим за развој што работеше во Шпанија, како и благодарение на набавката на заеднички компоненти по пониски цени, поради тоа што исти делови ќе се вградуваат во автомобили што ќе се произведуваат во огромни количини.

Фолксваген ИД Поло и Купра Равал ќе се произведуват во фабриката на Сеат во Марторел, во близина на Барцелона, додека ИД Крос и Шкода Епик ќе излегуваат од фабриката на марката Фолксваген во Памплона.

Шкода Епик ќе се продава по споредлива цена со моделот со слична големина и со мотори со внатрењно согорување, Шкода Камик.

Прва влегува во продажба Купра Равал, што се очекува во првото полугодие од 2026, за неколку месеци подоцна да следи Фолксваген ИД Поло. Равал ќе чини под 27.000 евра, со што шпанската комбилимузина ќе биде поскапа од ИД Поло и од Шкода Епик.

Фолксваген ИД Поло ќе чини под 25.000 евра, додека Шкода Епик со цената ќе му парира на моделот со мотори со внатрешно согоруивање, Камик, којшто во Германија стартува од 25.330 евра.

Четвртиот член во семејството, ИД Крос, ќе биде попросторен од останатите три модели и за него се очекува цена меѓу 28.000 и 30.000 евра.

Европскиот пазар на малечки електрични автомобили во првите седум месеци порасна за 30 проценти и достигна 226.420 примероци, во споредба со истиот период лани. Малечките батериски електрични автомобили (БЕВ) учествуваат со 16,4 проценти во вкупната продажба на БЕВ, меѓутоа нивниот удел во вкупната продажба на малечки автомобили изнесува само 8,5 проценти.

Името ИД Поло го поврзува новиот малечок електричен автомобил со моделот Поло со мотори со внатрешно согорување, што се продава близу 50 години.

Рено 5 Е-Тек е најпродаван малечок електричен автомобил до јули, со 39.752 приметоци, пред Волво Е Икс 30 со продадени 26.254 примероци и Ситроен е-Ц3 од со 24.664 примероци.

Меѓу останатите конкуренти во сегментот се Би Уај Ди Долфин Сурф, Опел Фронтера, Фиат Гранде Панда, Пежо 208 и 2008. Наскоро доаѓа и модел на Киа, веројатно со ознака ЕВ2.

Претходна објаваЕУ ќе ја преписпита одлуката за преоѓање на струја по 2035, се прави простор за евтини електрични автомобили
Следна објаваКиа Спортаж влегува со водство во второто полувреме

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here