ЕУ ќе ја преписпита одлуката за преоѓање на струја по 2035, се прави простор за евтини електрични автомобили

Европската Комисија уште годинава ќе ја преиспита забраната за бензинци и дизели по 2035 година, место дури в година да се расправа на чувствителната тема.

Ситроен е-Ц3 е меѓу најдостапните електрични модели во Европа, со ценовник што стартува од 20.000 евра.

ЕУ има поставено цел за 100-процентно намалување на емисијата на Ц02 за нови автомобили и доставни возила по 2035 година, што претставници на автомобилската индустрија оценија дека повеќе не е остварливо. Со оваа цел требаше да се означи крај за продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување во средината на следното десетлетие.

Комисијата ќе излезе и со предлог да се воведе нова категорија којашто ќе важи за малечки електрични автомобили. За нив ќе се применува пониско даночно оптоварување и тие воедно ќе дадат клучен придонес за да се постигнат целите за намалување на емисијата на ЦО2.

Директорите на европските автомобилски компании на 12-ти септември одржаа средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел. Тоа беше третата и последна фаза од „стратешкиот дијалог“ за иднината на автомбилската индустрија.

Преиспитувањето на целта за 2035 година ќе се разгледува посебно за доставните возила, изјави член од тимот на комесарот и извршен потпретседател Стефан Сежурне. Електричните доставни возила имаат удел од само 8,5 проценти на пазарот на доставни возила во ЕУ. Тоа е половина од уделот што електричните автомобили го постигнуват во вкупната продажба на автомобили во Унијата.

Поединостите околу новиот предлог уште не се договорени, меѓутоа е можно да се опфатат горива што се неутрални во поглед на ЦО2, а тоа се биогорива. Тие би можело и натаму да се користат како погонско гориво во мотори со внатрешно согорување, приклучни хибриди и електрични возила со помошен генератор (со продолжен досег, односно кусо РЕЕВ).

Поради тоа што продажбата на електрични автомобили се одвива побавно од предвидувањата, производителите на автомобили укажуваат дека не можат да ја исполнат целта за 2035 година, освен ако не добијат поголема слобода околу изборот на погонската технологија.

Фон дер лајен претходно ги поздрави притисокот од Рено и Стелантис за да се воведе категорија на малечки електрични автомобили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Поранешниот извршен директор на групацијата Рено, Лука де Мео, и претседателот на Стелантис, Џон Елкан, во заедничкото интервју што во мај беше објавено во францускиот дневник Ле Фигаро, кажаа дека продажбата на автомобили во ЕУ е на застрашувачки ниско ниво и дека од „стратешка“ важност е да се воведат посебни закони за помали автомобили.

„Со оваа динамика, не се менува траекторијата, во следните три години мора да донесеме одлуки што ќе бидат болни, за да ја заштитиме нашата производствена база,“ кажа Елкан.

Во своето обраќање на 10-ти септември, фон дер Лајен ја повика Европа да се воведат „Е-кар“ коишто ќе бидат „чисти, штедливи и лесни“, како и „достапни“ и произведени во Европа преку вериги од европските добавувачи.

Претходна објава„Еуроимпекс“ прослави јубилеј од 35 години
Следна објаваФолксваген заштеди 600 милиони евра при развојот на новите електрични модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here