Во Европа во 2028 година ќе се продадат повеќе електрични автомобили отколку бензинци и дизели

Истражувањето на Ернст енд Јанг предвидува дека батериските електрични возила ќе ја сочинуваат речиси целата продажба на нови автомобили во Европа во 2050 година.

Истражување покажа дека во Европа во 2032 година, повеќе од половината од продажбата на патнички возила ќе им припаѓа на модели со електричен погон.

Батериските електрични возила (БЕВ) ќе учествуваат со повеќе од половина во продажбата на патнички возила во Европа во 2032 година. Студијата на Ернст енд Јанг предвидува и дека БЕВ во 2030 година ќе ги престигнат хибридите и приклучните хибриди.

Иако европските марки уште не брзаат да воведат електрични автомобили со подостапна цена, студијата на Ернст енд Јанг предвидува дека БЕВ ќе ја сочинуваат речиси сета продажба на нови автомобили во Европа во 2050 година.

„Целите на политиката, зголемувањето на побарувачката и достапните модели, треба да го поттикнат купувањето електрични автомобили,“ стои во извештајот што е објавен на 9-ти септември. Во истиот се додава дека тоа нема да се смени со олабавувањето на казните за пречекорување на емисијата на штетни гасови до 2027 година.

Европските производители на автомобили во овие денови ги претставуваат своите нови електрични модели, коишто се соочуваат со остра конкуренција од кинеските марки на овогодишниот салон на автомобили ИАА во Минхен.

Евопскиот автомобилски сектор во моментов се соочува со низа предизвици, вклучувајќи ја кинеската конкуренција на домашен терен и заканите со царини во САД.

Во меѓувреме, во САД се очекува бурен скок во продажбата на електричните возила, пред истекувањето на даночните поволности, по што ќе следи долготрајно забавување на нивната продажба, наведува студијата.

Видеото од тестот на електричен Рено 5 во Аутомедиа

Во светски рамки, со фокус кон Европа, САД и Кина, Ернст енд Јанг предвидува умерено зголемување на продажбата на патнички автомобили во 2025 година, којашто ќе забележи раст од 2,2 проценти, наспроти 8-процентниот раст во 2023 година, којшто понатаму ќе се задржи под 2 проценти на годишно ниво до 2030.

Во студијата се спомнуваат и заострување на трговските односи, кусок од ретки минерали и укинување на даночните поволности во САД, што се предвидува дека ќе влијае врз набавните вериги и ќе влијае врз цената на возилата.

Претходна објаваНовиот Рено Клио во сосем различен стил и со богата понуда од хибриди
Следна објаваСите производители ќе ги исполнат барањата на ЕУ за помалку ЦО2, единствено Мерцедес не паничи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here