Во ресорот на Тојота: По Фолксваген, сега и Стелантис ќе пушта хибриди

Стелантис се подготвува да воведе модели со полн хибрид во своите модели од компакт и средната класа во Европа. Истиот чекор го направи концернот Фолксваген, откако сооопшти дека новиот Т-Рок годинава ќе го понуди со хибриден погон.

Освежениот Пежо 308 се нуди со благ хибрид, дизел, приклучен хибрид и на струја. Стелантис планира да воведе и полн хибрид во своите компакти.

Хибридите ќе влезат во производство во следните две до три години, кажа Жан Филипе Импарато, директорот на Стелантис за Европа и за европските марки, на 8-ми септември, за време на салонот за автомобили ИАА што се одржува во Минхен.

Тојота е предводничка на пазарот на полни хибриди во Европа, со свои модели на првите четири места. Прв е Јарис Крос, со продадени 111.747 возила до јули.

Рено почна да ја воведува втората генерација на својот хибриден систем Е-Тек, и се наоѓа на второто место. Други марки со позабележлива продажба на хибриди се Нисан, Дачиа и Киа.

Продажбата на полни хибриди порасна, откако се заострија стандардите за емисија на ЦО2 на ЕУ. Овие хибриди во возењето се однесуваат слично со модели со обичен погон, меѓутоа не поседуваат голема батерија и нема приклучок за таа да се полни однадвор. Најштедливи хибриди се Тојота Јарис и новото Рено Клио, двата со емисија на ЦО2 под 90 грами на километар.

Импарато соопшти дека Стелантис вложува во широка понуда од погонски единици за да ги исполни нормите за ЦО2. Концернот го откажа планот по 2030 година да продава само батериски електрични автомобили во Европа.

Импарато зборуваше за вложувањето во новите погони на тркалезна маса со новинарите:

  • Благи хибриди: Стелантис во изминатите три години воведе 48-волтен систем во широк спектар на модели, со коишто се постигнува за 20% пониска емисија од споредлив обичен мотор. Концернот неодамна започна со производство на Фиат 500 со благ хибрид, од моделот што досега се нудеше само во електрична изведба. Стелантис развива втора генерација благи хибриди и планира трета генерација. Импарато посочи дека благите хибриди помогнале Стелантис да отстапи од првичниот план да продава само БЕВ.
  • Полни хибриди: Импарато не откри поединости околу полниот хибрид, но посочи дека во моментов таму се вложуваат најмногу и пари и време, од сите видови погон. Шефот најави дека ќе се развива хибрид и со дизел мотор, вклучувајќи го моторот Б22 што се користи во големите доставни возила на концернот. Во САД, Стелантис планира да лансира хибрид за Џип, за новиот Чероки. Хибридот ќе се базира врз 1,6-литарскиот турбо бензинец, со два елетромотори и батерија.
  • Приклучни хибриди: Импарато кажа дека Стелантис развива модели со приклучен хибриден погон со долг досег. Пежо 308 ПХЕВ, на пример, постигнува досег од околу 65 километри, додека неодамна освежениот соперник, Фолксваген Голф ПХЕВ, постигнува електричен досег од 143 километри и емисија од само 6 грами ЦО2 на километар.
  • Електрични модели со продолжен досег: Импарато ги оцени електричните возила со продолжен досег како „мошне интересни“. Тука работи бензински мотор, што ја полни батеријата, место да испорачува погон до тркалата. Тоа е технологија што ја користи кинескиот партнер на Стелантис, Липмотор, во својот СУВ-модел Ц10 во Европа. Истиот вид погон го користи и марката Рам во САД, за своите електрични пикапи со продолжен досег.

Претходна објаваМерцедес-Бенц ГЛЦ прв доби сертификат за вегански автомобил
Следна објаваЕУ денес решава за иднината на автомобилите, што очекуваат производителите од состанокот во Брисел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here