- Сертификатот за веганскиот пакет, што може да се избере како опција, го издаде светски познатата организација Веган Сосајети
- За подобро да ги услужи клиентите, Мерцедес-Бенц постави нови стандарди за вегански материјали
- Прв е новиот ГЛЦ во електричната изведба, со опција што ќе стои на располагање во конфигураторот откако ќе започнат нарачките
Мерцедес-Бенц постави нови стандарди за користењето вегански материјали. Првпат производител на автомобили нуди веганска изведба на кабината, за којашто е издаден сертификат од независна организација.
Светски прочуената Веган Сосајети ги провери сите површини во возилото, почнувајчи од седиштата и таванот, преку внатрешните облоги на столбовите и вратите, до тепихот.
Сертификатот ги осигурува клиентите дека сите површини, вклучувајќи ја вештачката кожа Артико и платнените облоги, не содржат материи од животинско потекло. Веган Сосајети дополнително потврдува дека во сите постапки на производство и обработка не се користени состојки или помагала во преработена или непреработена форма, што се од животинско потекло.
Штутгарт им го нуди пакетот Веган на купувачите на новиот ГЛЦ, како опција, којшто прво стартува во електричната изведба, а потоа и со бензински, дизел и хибридни погонски единици. Истиот ќе биде означен во конфигураторот за ГЛЦ со „ваганскиот цвет“, што е препознатлив знак на Веган Сосајети.
За да се добие сертификат, се проверуваа околу сто материјали кај бројни добавувачи на Мерцедес-Бенц. Отсуството на материјали од животинско потекло не важи само за седиштата, туку и за воланот, таванот, обрабувањата, столбоците, вратите, штитниците за сонце, средишната конзола, арматурната табла и теписите во кабината и во багажникот. Сите материјали воедно се погодни за рециклирање.
Мерцедес-Бенц најави дека вегански ентериер наскоро ќе биде понуден и за останатите модели.
















