Стелантис ја продаде фабриката за дизел мотори во Италија

Дизелот од 2,5 литри со 125 КС во Алфа Ромео 155 ('94 до '98) е производ на ВМ Мотори

Трансакцијата за којашто не се соопштуваат финансиските поединости, дел е од поширокиот напор на Стелантис да се реорганизира, откако автомобилската индустрија се движи во насока на електромобилноста. Побарувачката за производство на мотори по нарачка слабее.

Стелантис потпиша договор со Гама Холдинг, фирма што е основана од инвеститорите што поседуваат мнозински акции во Марвал, соопшти извршниот директор на Марвал, Винченцо Нунциата.

ВМ Мотори вработува преку 350 лица во фабриката во Ченто, во северна Италија. Во минатото, компанијата има произведувано мотори за Фиат Крајслер, којшто сега е дел од Стелантис. Продукцијата опфаќаше и 6-цилиндарски дизели што беа продавани на пазарот во САД. Но, од 2022 година, ВМ Мотори се префрли на индустриски и бродски мотори, откако престана да ѝ испорачува мотори на автомобилската индустрија

Претставник на Стелантис потврди дека трансакцијата со акционерите на Марвал е завршена, коишто имаат за цел да се „создаде национален сектор за одличност во полето на технологијата на индустриски мотори.“

Марвал е фирма со седиште во Торино и ужива поддршка од развојната фондација Азура Капитал.

Зделката се очекува да биде финализирана кон завршетокот на годинава, соопшти Нунциата.

Стелантис поседува уште две фабрики за производство на мотори во јужна Италија, во Термоли и во Пратола Сера, од коишто се снабдуваат фабриките за автомобили.

Нунциата кажа дека новите сопственици ќе ги задржат вработените и тековното производство во ВМ Мотори. Целта е да се прошири полето на делување на Марвал, коишто во моментов се специјализирани за витални делови за мотори и менувачи, што се користат во земјоделска машинерија, градежна опрема, товарни возила и камиони, како и во спортски автомобили.

Марвал вработува околу 800 лица во своите погони во Италија, Британија и Кина. Меѓу клиентите се Џон Дир, Дајмлер Трак, Ивеко, Сканија, кинески Би Уај Ди и Сани.

Видеото од тестот на Фиат 600 Хибрид

„Целта ни е да продолжиме со индустрискиот развој на ВМ,“ порача Нунциата. „Нашите проекти се насочени кон задржување на локалната индустрија и унапредување на локалните вештини, подобрувајќи ги конструирањето, производството и веригите за набавка, со коишто оваа компанија се истакнувала отсекогаш.“

Марвал во 2024 година постигна промет од 160 милиони евра.

Претходна објаваФон дер Лајен ги поддржува барањата на производителите за нова категорија автомобили со подостапни цени
Следна објаваМерцедес-Бенц ГЛЦ прв доби сертификат за вегански автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here