
Главна тема на планираната тричасовна расправа ќе бидат законите, што предвидуваат производителите на автомобили по 2035 година да продаваат единствено автомобили со нулта емисија на штетни материи.
Директорите на европските производители на автомобили јасно укажаа дека е невозможно да се постигне таа цел, посочувајќи дека не можат да постигнат доволен профит од продажбата на батериски електрични возила, во услови кога се укинуваат субвенциите, мрежата од полначи не е доволно развиена и се засилува конкуренцијата од кинеските марки, коишто се во ценовна предност од околу 25 проценти.
Индустријата бара флексибилност во постигнувањето на целта за нулта емисија и до преодната точка што е одредена за 2030 година.
Пред состанокот, производителите и добавувачите на делови создадоа единствен фронт. Кон завршетокот на август, европското здружение на прозводители на автомобили АЦЕА и здружението на добавувачи на делиови КЛЕПА, испратија заедничко писмо до фон дер Лајен, во коешто состанокот во Брисел се толкува како „последна шанса“, за ЕУ да ја смени политиката. Во спротивно се ризикува „една од најсупешните индустрии, што е конкурентна во светски размери.“
„Исполнувањето на строгите цели за ЦО2 за автомобили и доставни возила во 2030 и 2035 година, во денешниот свет, едноставно не е остварливо повеќе,“ стои во писмото што го потпишаа претседателот на АЦЕА и извршен директор на групацијата Мерцедес-Бенц, Ола Калениус, и претседателот на КЛЕПА, Матијас Цинк, кој раководи со огранокот за мотори и подвозје во Шефлер.
Тие бараат „патот за намалување на ЦО2 во патниот транспорт да се рекалибрира“, со цел да се заштити „индустриската конкурентност и социјалната кохезија“ на Европа, без да се бара круто откажување, ублажување или одложување на целта за ЦО2.
Здруженијата го повторија своето барање дека основен принцип е „технолошка неутралност“; тоа во практика значи, законите да остават простор за приклучни хибриди, електрични автомобили со продолжен досег (генератор), погон на водород и вештачки, односно декарбонизирани горива.
Тема што веројатно ќе наиде на поддршка од ЕУ е да се воведат посебни закони, што на производителите на автомобили ќе им овозможат да произведуваат малечки и евтини автомобили. Тие закони би овозможиле намалување на трошоците, на пример, преку примена на поблаги стандарди за безбедност.
Што кажуваат автомобилските директори пред состанокот во Брисел
Додека во писмото се наведуваат заедничките барања на индустријата, директорите на автомобилските компании во текот на салонот ИАА во Минхен, што е во тек, за Аутомотив Њуз Европа ги искажаа своите гледишта околу проблемите.
Михаел Лошелер, извршен директор на Полстар, марка на кинески Џили што произведува само електрични возила, цели дека со одложувањето на целта по 2035 година ќе се загрозат повеќе работни места, отколку да се следи целта. Тој укажува дека ќе се смали и конкурентнноста на Европа, а воедно ќе им се наштети и на компаниите што вложуваат во автомобили со нулта емисија.
Преоѓањето на електрични автомобили „нема да биде линеарно“, кажа Лошелер. „Животот не е линеарен“, додаде тој. „Можеби Полстар е последната компанија што останува на ставот, но не правиме компромиси. Иднината на мобилноста е без емисија.“
„Мислите дека сите останати пазари ќе кажат, ‘Еј, одлично, Европа паузира, ние исто така ќе паузирамe.’ Никој нема да го стори тоа.“
„Не менувајте, останете на курсот, вложете ја сета енергија за транзицијата да биде побрза,“ порачува директорот. „Мислите дека сите останати пазари ќе кажат, ‘Еј, одлично, Европа паузира, ние исто така ќе паузирамe.’ Никој нема да го стори тоа.“
Калениус, зборувајќи како претседател на АЦЕА, кажа дека ЕУ треба „да отвори простор за решенија“, за успешно да се декарбонизира транспортот. „Да направиме попис на тоа што успеало и на тоа што не успеало.“
„Апсолутно не постои прашање дека одредиштето кон коешто патуваме е нулта емисија“, кажа тој, додавајќи дека не постои друга индустрија што се „впушта во ризик“, како автомобилската индустрија, којашто досега има вложено милијарди евра во електрификација и ќе вложи уште 250 милијарди евра.
Видеото од тестот на Ситроен Ц3 Еркрос во Аутомедиа
Место производителите на автомобили да плаќаат пенали ако не ги исполнат целите за ЦО2, тој вели дека е подобро „да се користат субвенции и пазарот постепено да се поттикнува за промената,“ наведувајќи дека Кина, најголемиот пазар за електрични возила, го прави токму тоа.
ЕУ мора да дејствува со „осет за идност“
Сигрид де Врис, генерална директорка на АЦЕА, во интервју за време на салонот ИАА во Минхен, кажа дека е оптимистка оти ЕУ ќе ја почувствува итноста, посебно откако законодавците во почетокот на годинава им дадоа на производителите на автомобили временска рамка од три години, да ги исполнат целите за емисијата од 2025 година.
„Како што може да се види на салонот, автомобилите се тука, технологијата е тука, но тоа е недоволно за да ги исполниме целите во времето што ни е одредено за тоа,“ кажа де Врис.
Првата дама на АЦЕА кажа дека е време, ЕУ да „направи чекор надвор од политички декларации и да се посвети на конкретни мерки – што можеме да направиме, како да го решиме тоа, кои се придобивките на краток рок и што ќе се случи ако трае малку подолго.“
„Тоа е во рацете на ЕУ. Унијата не може да контролира што прави Трамп или Си, но може да преземе поголема контрола, за бизнисите да можат да напредуваат.“















