Донгфенг го има (и) најдостапниот приклучен хибрид на македонскиот пазар

Разликата во цената на приклучниот хибрид на Донгфенг со други СУВ-модели со слична големина и слични перформанси изнесува околу 10.000 евра. Домаќински од најпродаваниот кинески производител на нашиот пазар.

Со Донгфенг досега се случија многу нешта на македонскиот пазар: Најдостапната лимузина (реално купе со 4 врати) Еолус Шајн, најдостапниот електричен автомобил Нами Бокс и веројатно најпродаваниот кинески СУВ досега, Фортинг Т5 Ево. Следно е приклучен хибриден погон во ДФСК Е5, подостапен од кој било друг автомобил со овој вид погон.

Приклучниот хибрид е најсигурниот начин да се вози електричен автомобил. Реално, возачките и возачите што се решаваат за овој погон, при патување на подолго растојание и секогаш кога зафатеното секојдневие не им остава време да се приклучат за полнење, ќе си возат спокојно на бензин. Во сите други ситуации, овој вид на хибриден погон, дозволува да се поминат и по стотина километри чисто на струја, без да се буди моторот.

ДФСК е производител што веќе еднаш предизвика големо внимание на домашната сцена, кога тогашниот Глори 580, покажа колкав автомобил навистина може да се добие за парите кај Кинезите. Меѓутоа, големата новина беше во тоа што на овој семеен СУВ, ништо не му недостигаше. Не само во поглед на опременоста, туку и во поглед на изработката, во возните својства, во штедливоста. Едноставно, сé беше во ред.

Тој Глори во меѓувреме престана да се произведува и на неговото место е пристигнат Глори 600, со комплетно сменет дизајн и со значително накачена спецификација, а тоа всушност значи, со многу подобра изработка. Токму врз таа база, врз ДФСК Глори 600 и врз имиџот на претходникот Глори 580, доаѓа ДФСК Е5, честита верзија со приклучен хибриден погон.

Донгфенг секогаш ќе биде во предност со цената, затоа што доаѓа директно од Кина, нема посредници

Не беше за очекување ништо помалку, Донгфенг и тука да си ги покаже силите, односно и кај приклучниот хибриден погон да понуди најдостапна цена. Во поглед на цената, Донгфенг секогаш ќе биде во предимство во поглед на цената, со кој било друг кинески производител, од едноставната причина што возилата доаѓаат директно од фабрика. Нема посредништво, преку некој регионален дистрибутер, што прво ќе се погрижи за сопствената заработка, па понатаму локалниот дилер ќе си ја додаде и својата, по што се добиваат астрономски суми, туку цената си е реална, очекувана.

ДФСК Е5 на македонскиот пазар доаѓа во две изведби, исти во погонот, со мала разлика во опременоста, односно едната е суперопремена, другата е хиперопремена. Според ценовникот на АБЦ Брадер, ДФСК Е5 ПХЕВ со ниво Комфор чини 30.900 евра по акциска цена, што е 2.000 евра под редовната цена. Повиското ниво Интелиџенс чини 4.000 евра повеќе, односно акциски 34.900 евра.

Видео од тестот на Фортинг Т5 Ево со хибриден погон во Аутомедиа

Приклучниот хибрид е ослободен од 50% од акцизата

За споредба, Линк енд Ко 01 со истите перформанси и слична опременост, во Германија чини близу 47.000 евра. Во Македонија, цената треба да е далеку под германската, затоа што според важечките закони, за возила со приклучен хибриден погон се наплаќа половина од висината на акцизата и во оваа ценовна категорија може да се очекува ослободување од преку 3.000 евра во конечната цена.

Врска до страницата за моделот на увозникот АБЦ Брадер

https://dongfeng.mk/e5phev/

Станува збор за СУВ-модел од средната класа, со каросерија долга 4,72 метри, со 1,5-литарски турбо бензинец со 102 КС и електромотор од 177 КС. Најважното, батеријата е со големина од 17,52 киловатчасови и дозволува чисто со енергијата во неа да се поминат до 87 километри. И најдоброто, ако батеријата не е полна, односно кога во возење на подолга релација, батеријата ќе се испразни, возењето продолжува најспокојно, на бензин. Со моќен сопствен полнач, батеријата ќе се наполни во првата следна пригода, па веројатно и дома, за само 4 часови.

Фабричкото видео за ДФСК Е5 со приклучен хибриден погон

Опременоста тука не е тема. Уште основниот модел доаѓа со сончев покрив, електрично местење на предни седишта, дигитални инструменти и дисплеј на инфо-забавен систем од по 12,3 инчи, пристап без клуч, задна камера. Во врвното ниво Интелиџенс доаѓаат уште целосно застаклен покрив, електрично отворање на вратата на багажникот, вентилација во седиштата, безжичен полнач, камери во 360 степени и уште десетици ставки.

Претходна објаваАуди планира да произведува 360.000 возила годишно од својата кинеска марка АУДИ
Следна објаваЕУ ќе ги симне царините за производи од САД, за да добие пониски царини за своите автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here