
Вредноста на акциите на јапонскиот производител на автомобили остана на истото ниво со 6% под претходното тргување, откако Мерцедес на 25-ти август соопшти дека ќе го продаде својот удел од 3,8 проценти во Нисан.
Падот на вредноста на акциите на Нисан го прикажува скептицизмот на инвеститорите, во успехот на пресвртницата во работата на компанијата, која што се соочува со царински оптоварувања и со пад во продажбата на своите најголеми пазари, САД и Кина. Во второто тромесечје, производителот на автомобили имаше загуба од 535 милиони долари.
Мерцедес ги продаде своите акции во Нисан по цена од 341,3 јен по акција, што е 5,98 проценти под вредноста на акциите на 25-ти август од 363 јени, посочува изворот. Акциите се нудеа во ценовен опсег од 337,5 до 341 јен, покажуваат документите со коишто располага Ројтерс.
Побарувачката го надмина бројот на понудени акции за продажба, наведува изворот. Десетте најголеми инвеститори покриваат околу 70 проценти од продадените акции, додава изворот што бара анонимност поради доверливоста на информацијата.
Претставник на Мерцедес соопшти на 25-ти август дека германскиот производител го продал уделот во Нисан, којшто во 2016 година беше префрлен во пензискиот фонд и истиот не беше од стратешко знаење.
Новиот извршен директор на Нисан, Иван Еспиноза, ја презеде должноста во април. Неговиот план за реструктурирање е насочен кон повраток на профитабилноста, и меѓу другото вклучува скусување на производствените капацитети во светот, на 2,5 милиони возила, од претходните 3,5 милиони возила, како и намалување на бројот на фабрики од 17 на десет, до завршетокот на фискалната 2027 година.
Кон завршетокот на минатиот месец, Еспиноза соопшти дека Нисан уште е во почетокот на заздравувањето и дека се постигнува напредок во скусувањето на трошоците.















