Досегашниот директор за планирање на производи во Нисан, Иван Еспиноза, ќе ја преземе функцијата на нов извршен директор на Нисан, во време кога јапонскиот производител минува низ тежок период. Актуелниот шеф Макото Учида ќе го препушти местото на завршетокот на март, по пет немирни години во раководење на јапонскиот производител, во ерата по заминувањето на Карлос Гон.
Еспиноза, 46, беше избран на 11-ти март на состанокот на одборот на директори и на 1-ви април ќе ја преземе функцијата на извршен директор, соопшти денес Нисан. Конференција за медиуми ќе биде одржана подоцна во текот на денот.
Како ветеран во Нисан, Еспиноза во април 2024 година почна да работи како директор за планирање на производи, меѓу другото надлежен за планирање на модели во светски рамки и за мотоспорт. Тој учествува во процесите на планирање на производи уште од 2010 година, по претходните искуства во Југоисточна Азија и Мексико.
Еспиноза треба да се соочи со низа проблеми, додека Нисан се обидува да си го поврати пазарот, да го подобри курсот на акциите и да ја поправи штетата од погрешните одлуки за новите модели. В година претстои уште поголемо натрупување на долговите, откако опадна кредитниот рејтинг на компанијата. Нисан воедно се опоравува по преговорите за спојување со Хонда Мотор, што пропаднаа во минатиот месец.
Вонредната смена во раководството на 11-ти март се претпоставува дека е само дел од пошироката смена што Учида ја најави во февруари. Во таа пригода, тој напомена дека до завршетокот на март, за 20 проценти ќе се скуси највисокото раководство на компанијата, за на тој начин да се забрза донесувањето одлуки и да се донесат свежи идеи.
Управата ја загуби довербата во Учида и беше сосем извесно дека тој ќе биде сменет од функцијата.
[the_ad id=”85764″]
Одлуката за смената беше донесена на попладневниот состанок на одборот, на којшто директорите беа со поделени мислења, дали веднаш да се постави нов извршен директор или Учида да остане додека не се обезбедат помирни услови за смени во раководството.
Како кандидати за избор на нов извршен директор на Нисан се земаа предвид само интерен кадри.
















