Мерцедес-Бенц В-Класа во иднина нема да биде патничка и луксузирана изведба на Вито, туку ќе биде изработена во стилот на најскапите модели под сребрената ѕвезда. Затоа Штутгарт го нарекува својот иден модел „Гранд Лимузина“, за којшто ќе ја користи ознаката ВЛС.
Надворешниот изглед не е претеран, туку е точно во согласност со тоа што Мерцедес го има вградено во сегашниот Вижн В, а иден ВЛС. Во Гранд Лимузината работат екран од 65 инчи, а тоа се 1,65 метар, потоа 42 звучници и седум проектори. На тој начин ќе се постигне единствено доживување во 360 степени што ги буди сите сетила.
Вижн В според Мерцедес е елегантна шоферска лимузина, со „приватен салон“ што нуди ново доживување на комфорот. Тука се втопува врвно рачно занаетчиство со најнапредна технологија, за човек да се чувствува заштитено и спокојно, како во лулка.
Дизајнот на каросеријата оддава во исто време и спортска и елегантна нота, ги прикажува традиционалните белези на марката и посредува динамика и статус. Од концептниот Вижн В ќе произлезе идниот Мерцедес-Бенц ВЛС, ван што е дораснат да биде С-Класа, исто како што ГЛС е СУВ дораснат за врвот на марката.
Намерата на Мередес со Вижн В беше да постигне луксуз како во С-Класа или Мајбах, меѓутоа во многу поголема средина, во кабина со големина на ван. Дигиталниот свет се провлекува во секој дел од концептниот автомобил.
Вижн В веднаш по премиерата на салонот во Шангај во април појде на светска турнеја. Прво одредиште беше Дубаи, следното одредиште е Калифорнија. По појавувањето на улиците во Лос Анџелес, што светот ги препознава од холивудските филмови и серии, каде што беше снимен обемен видео материјал, Вижн В сега е на пат кон својот Стар Лаунџ на Пебл Бич. Од 14-ти до 17-ти август, Вижн ќе биде една од главните ѕвезди на Автомобилската Недела што се одржува на калифорнискиот брег.
Додека го обиколуваше светот, Вижн В доби и две нови технологии, што ќе може да се откријат за време на ексклузивниот настан во Пебл Бич. Во Азија беше главна караоке функцијата во скапоцениот ван, за САД е снимена англиска верзија, којашто сега ќе може да се доживее и во Долби Вижн.
Првокласна дигитална техника во „приватниот лаунџ“
Главното место во Приватниот Лаунџ го има кино-екранот од 65 инчи што излегува од подот. Откако патниците ќе влезат и ќе се сместат, екранот како со волшебство излегува од конзолата што е обложена со дрво и напа кожа.
Патниците можат преку проѕирните ламели во подот да следат додека екранот излегува од подот. Тој воедно го двои и Приватниот Салон од возачот. Седиштата потоа се повлекуваат наназад. Мерцедес ветува дека автомобилскиот свет досега нема доживеано такво луксузно чувство.
Екранот работи со 4К, придружен со технологија Долби Вижн. Може да се пуштат и игри, и да се ужива во врвна деталност и јасност. Боите на Долби Вижн се живи, контрастите се остри. Опкружувачкиот звук го создаваат 42 звучници, вклучувајќи „ексајтери“ во седиштата, што пренесуваат вибрациите од музиката.
За целиот простор назад да биде покриен со слика, се користат 7 проектори во таванот и подот. Страничните стакла се претвораат во „кино платно“ и го заокружуваат доживувањето во 360 степени. На сето тоа следи и соодветно амбиентално осветлување, што секако дека работи во такт со музиката. Со екранот се ракува преку поле на допир во средишната конзола.
Луксузна В-Класа од 143.000 евра во Мак Аутостар
Првиот сериски модел што ќе произлезе од Вижн В ќе биде ВЛЕ, планиран да стартува со продажба во 2026 година и конструиран врз нова платформа што е наменета за ванови. Врз таа платформа ќе бидат изработени два ванови, ВЛЕ како ван достоен за Е-Класа и ВЛС како ван од С-класа. Тоа се „Гранд Лимузините“ на Мерцедес-Бенц.















