Нов Порше Макан со бензински мотор доаѓа во 2028 година

Порше има намера да ја пушти во продажба новата генерација на популарниот Макан со бензински мотори најдоцна до 2028 година, благодарение на побрзиот развој, потврди шефот Блуме.

Порше во март соопшти дека Макан во иднина ќе биде достапен само како електричен модел, меѓутоа додаде дека се развива и „СУВ што е својствен за Порше“ со очекување дека моделот ќе почне со продажба кон завршетокот на деселетието.

При средбата со аналитичарите на 30-ти јули, на којашто беа соопштени резултатите од работењето во второто тромесечје, Блуме наведе дека моделот сепак ќе се појави порано.

„Нема да се појавиме подоцна од 2028 година со Б-СУВ ИЦЕ и со хибридната изведба,“ соопшти тој. Моделот ќе се продава на сите пазари, меѓутоа Блуме не наведе кога ќе почне продажбата на моделот со мотор со внатрешно согорување во САД.

Тој исто така не наведе и дали Порше во моделот ќе вградува вообичаен хибриден погон или приклучен хибриден погон.

Аутомотив Њуз Европа објави дека новиот модел веројатно ќе ја користи платформата Премиум Платформ Комбашчн, што е развиена од страна на премиум марката Ауди и којашто исто така се користи за новата генерација на СУВ-моделот од средна класа Ку5.

„Го забрзуваме процесот со мошне кусо времетраење на развојот и со конструирање на исклучително типичен Порше за овој сегмент, но исто така го двоиме од Макан со батериски електирчен погон,“ кажа Блуме.

Германскиот производител првично имаше намера во САД да го продава единствено електричниот Макан, со план за продажбата на моделот со мотор со внатрешно согорување да запре во 2025 или 2026 година. Но, во јуни 2023 година, Порше им соопшти на своите дилери во САД дека го преиспитува планот, за да може подобро да процени како пазарот ќе одговори на електричниот Макан.

Блуме потврди дека целосно електричната изведба на Кајен ќе биде пуштена во продажба во 2026 година. Порше најави дека електричниот СУВ од виша класа ќе го продава покрај постоечкиот Кајен со бензински и со хибриден погон. Тоа е втор најпродаван модел на Порше во САД.

Додавањето на електричната изведба на Кајен и воведувањето нов СУВ-модел со бензински и хибриден погон е начинот на којшто Порше се приспособува на побарувачката за електрични автомобили што е пониска од очекувањата, наведе Блуме.

„Цениме дека во моментов, посебно со СУВ-моделите, имаме целосна и флексибилна понуда од модели, од Макан до Кајен, со сите видови погон,“ кажа Блуме.

Со електричен Рено 5 по автопатот Кичево-Охрид, делница Врбјани-Ботун

Порше третпат ги скуси предвидувањата за билансот за годинава, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, дополнително изврши притисок врз производителот со воведувањето царина во висина од 15 проценти за увозот на автомобили од Европа.

Оперативната добивка на Порше се спушти на 245 милиони евра во второто тромесечје, со маржа од 2,6 проценти. Тоа е најнискиот биланс на марката, откако таа првпат ги понуди своите акции за јавно тргување на берзата во 2022 година.

„Повеќе балансираната понуда од погонски единици почнувајќи од 2028 година, ќе ни донесе подобро позиционирање на пазарот и ќе ни овозможи одржлив раст на подолг рок,“ кажа Блуме.

Претходна објаваВолво го префрли производството на Е Икс 30 од Кина во Белгија, повеќе нема чекање седум месеци
Следна објаваЕвропскиот автомобилски пазар во јуни загуби 6 проценти од ланскиот обем

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here