Европскиот автомобилски пазар во јуни загуби 6 проценти од ланскиот обем

Продажбата на Фолксваген Голф во јуни беше намалена за 16 проценти во споредба со лани, со продадени 16.762 возила

Во јуни опадна продажбата на патнички автомобили од марките Фолксваген Тојота и Тесла, како последица од забавената побарувачка, скапите кредити и геополитичката неизвесност. Тоа е најголемиот пад во месечната продажба годинава.

Целиот европски автомобилски пазар во јуни загуби 6 проценти од обемот лани, со продадени 1.190.592 возила.

Овој пад ја повлече целата продажба во првите шест месеци за 1,1 процент во минус, со 6.786.128 продадени автомобили, покажуваат првичните резултати од аналитичарската куќа Датафорс, за пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК.

По забавениот почеток на годинава во јануари и февруари, европскиот пазар од март наваму го следи ланското ниво на продажба.

Марката Фолксваген, најпродавана марка во Европа, наиде на отежната продажба во јуни, кога продажбата имаше пад од 9,9 проценти. Матичната марка на концернот Фолксваген запна на домашниот пазар, германскиот, со пад од 21 проценти во продажбата и 48.247 возила. Тоа го повлече целиот германски пазар да отиде 14 проценти во минус.

Во јуни опадна и продажбата на Тојота во Европа. Тоа ја спушти јапонската марка на 5-то место, откако лани во јуни беше на второто место, веднаш по Фолксваген.

Премиум марката на концернот Фолксваген, Ауди, исто така имаше пад во јуни, од 6-то место лани, на деветтото место годинава, со продажба намалена за 12 проценти.

Кои марки се победници во јунската пазарна трка во Европа

На негативниот тренд во продажбата во јуни се спротивставија Рено, Шкода, Мерцедес, Пежо и неколку кинески производители, што ја зголемија продажбата.

Рено е втора најпродавана марка во Европа, на местото што лани ѝ припадна на Тојота, иако имаше пад од 1 процент во јунската продажба. Француската марка искористи од растечката понуда од електрични модели, чијашто продажба во јуни порасна за 23 проценти.

Покрај тоа, Клио трет месец по ред е најпродаван модел на европскиот пазар.

Компактниот СУВ-модел Шкода Елрок е најпродаван батериски електричен модел во јуни

Марката Шкода се искачи на 3-то место во европската продажба во јуни, напредувајќи од петтото место во истиот месец лани. Овој успех се должи главно на побарувачката за Елрок. Целосно електричниот СУВ од компактната класа постигна 9.480 продажби, што на целата марка ѝ донесе раст од 11 проценти.

Со раст од 3 проценти, Мерцедес во јуни се искачи на 6-то место, едно место погоре од лани. Тоа е резултат од зголемената побарувачка за најпродаваниот модел на премиум марката, СУВ-моделот од средната класа ГЛЦ, со раст од 24 проценти.

Пежо во меѓувреме се искачи за две места и во јуни беше 7-ма најпродавана марка, наспроти 9-то место во истиот месец лани, со раст од 6,3 проценти во продажбата.

Меѓу останатите добитници во јунската трка се кинеските производители Би-Уај-Ди и Чери, како и шведската марка Полстар, што е во сопственост на кинескиот концерн Џили.

Би-Уај-Ди порасна за 302 проценти, престигнувајќи ги Мини, Џип, Ланд Ровер, Порше, Лексус и Мицубиши. Кинескиот шампион го заокружи јунскиот Топ 10, искажувајќи се од 24-то место лани.

Марките Џејку и Омода, на кинескиот производител Чери, лансирани неодам,а заедно постигнаа преку 8.800 продажби на европскиот пазар во јуни.

Полстар 4 додаде 2.385 возила во продажбата на марката на Џили во јуни

Полстар, во сопственост на Џили, продаде за 112 проценти повеќе возила во јуни, благодарејќи на додавањето на новите модели Полстар 4 и СУВ-моделот Полстар 3. Тоа ѝ донесе напредок на марката, од 37-то место лани, на 31-то место годинава.

Со напредувањето на Би-Уај-Ди, Чери и Полстар, кинеските производители го зголемија својот заеднички удел на автомобилскиот пазар во Европа на 5,5 проценти, што е досега највисок удел.

Претходна објаваНов Порше Макан со бензински мотор доаѓа во 2028 година
Следна објаваМерцедес спреми три премиери за ИАА Минхен, главен е електричниот ГЛЦ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here