
САД и Европската Унија се спогодија околу жестоко водената борба, по што Унијата ќе се соочи со царина во висина од 15 проценти за поголемиот дел од својот извоз, вклучувајќи ги важните автомобили. Доколку не се постигнеше спогодба, се закануваше тешок удар врз економијата во светски размери.
Спогодбата е постигната на помалку од една седмица од крајниот рок што претседателот Доналд Трамп го постави на 1-ви август, за стапувањето во сила на зголемените царини. Повеќето европски лидери веднаш ја поздравија спогодбата.
Германскиот канцелар Фрирдих Мерц посочи дека со договорот е спречен трговски спор што силно ќе ја погодеше германската економија, што главно е насочена кон извоз, како и моќниот автомобилска сектор во земјата. Германските производители Фолксваген, Мерцедес-бенц и БМВ ќе беа најсилно погодени од царинската стапка во висина од 27,5 проценти за увоз на автомобили и делови за автомобили, што во моментов е на сила.
Трамп и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го објавија постигнувањето на спогодбата на 27-ми јули, во клубот за голф на Трамп во Тарнбери, Шкотска, без да ги откријат целосните подробности околу спогодбата и без каков било напишан материјал. Царинската стапка од 15 проценти ќе важи од 1-ви август, соопштија претставници на владата во САД.
„Тоа е најголемата од сите спогодби,“ изјави Трамп, на што фон дер Лајен додаде дека таа ќе донесе „стабилност“ и „предвидливост“.
Ставовите на фон дер лајен и Трамп се разидуваат околу некои точки на спогодбата. Трамп кажа дека царинската стапка ќе важи за „автомобили и сé останато“, но не и за лекови и метал.
Фон дер Лајен подоцна на конференцијата за медиуми кажа дека царината од 15 проценти ќе важи за сé и нема да биде додадена на постоечките царини што се однесуваат на различни индустриски гранки, како и дека таа ќе важи за лекови, компјутерски чипови и автомобили. Царините за метал „ќе се намалат и ќе се воведе систем на квоти“, кажа претседателката.
ЕУ се сложи да набави производи од енергетиката од САД во вредност од 750 милијарди долари, да вложи 600 миијарди во САД, дополнително на постоечките инвестиции, да ги отвори пазарите на земјите за тргување со САД без царина и да набави „огромна количина“ воена опрема, кажа Трамп.
Многумина во Европа ќе оценат дека царинската стапка од 15 проценти е превисока, во споредба со првичните надежи на Европа дека ќе се постигне спогодба за царини нула-за-нула.
Бернд Ланге, германски социјалдемократ што го предводи трговскиот комитет на Европскиот Парламент, кажа дека царините не се балансирани и дека масивните вложувања што ЕУ треба да ги направи во САД, веројатно ќе бидат на штета на самата Унија.
Трамп ја задржува можноста за царините во иднина да се зголемат, доколку земјите не ги исполнат своите ветувања за инвестициите, соопшти претставник од администрацијата на САД пред медиумите на 27-ми јули.
САД ќе ги задржат царините од 50 проценти за челик и алуминиум. Фон дер Лајен предлага царините да се заменат со систем на квоти. Висок претставник на администрацијата на САД кажа дека лидерите на ЕУ побарале двете страни да ги продолжат преговорите на таа тема.
Фон дер Лајен кажа дека двете страни се откажуваат од царини за авиони и делови за нив, одредени хемиски производи, одредени генерички лекови, опрема за полупроводници, некои земјоделски производи, природни ресурси и ретки суровини.
Актуелната ѕвезда на тестовите на Аутомедиа, новиот Ситроен Ц3 Еркрос
„Ќе продолжиме со соработката, за да додадеме повеќе производи во тој список,“ кажа фон дер Лајен, додавајќи дека уште се преговара околу жестоките алкохолни пијалоци.
Претставници на САД кажаа дека ЕУ се сложила да ги смали вонцаринските бариери за автомобили и некои земјоделски производи, иако претставници на САД наведуваат дека уште се преговара околу подробностите за тие стандарди.















