Волво очекува значително скусување на времето на испорака на целосно електричниот Е Икс 30 на европскиот пазар. Од април, малечкиот кросовер за пазарот во Европа излегува од фабриката во Гент, Белгија, место од кинеси Џангѓакоу.
За испорака на возилото, некои клиенти во Германија и Шведска лани чекале и по осум месеци.
Како што покажува германсиот вебсајт на Волво, времето на чекање од нарачка до испорака за Е Икс 30 изнесува шест до седум месеци, со цена на основен модел од 38.490 евра.
„Автомобилот сега се произведува во Европа и тоа значи побрза испорака,“ изјави извршнот директор Хакан Самуелсон за Аутомотив Њуз Европа на 17-ти јули.
Претседателот на Волво за Европа, Арек Новински, кажа на 25-ти јули дека времето на чекање за Е Икс 30 ќе се сведе на околу 90 денови, откако производството во Гент ќе го достигне полниот предвиден обем. Тоа се очекува да се случи кон завршетокот на годината.
Долгото време на чекање и префрлувањето на испораката на Е Икс 30 од фабриката во Белгија беше главната причиина за смалениот број на испорачани примероци од малечкиот кросовер во првото полугодие во Европа.
Во 2024 година, Е Икс 30 беше трет најпродаван електричен автомобил, но во првото полугодие падна на 12-то место.
Волво Е Икс 30 на тестот во Аутомедиа
Волво исто така мораше да се соочи со одлуката на ЕУ за подигнување на царинската стапка за електричните автомобили што се увезуваат од Кина. За марките на Џили, каде што припаѓа и Волво, Унијата одреди царинската стапка да изнесува 28,8 проценти, место 10 проценти.
„Тоа знаително ни отежни да го продаваме автомобили со каква било маржа“, кажа Самуелсон. „Стана невозможно да се продолжи со извозот.“
Намалените испораки на Волво Е Икс 30 придонесоа и за оперативната загуба на Волво во висина од 10 милијарди шведски круни (1 милијарда долари) во вториот квартал, како и за пад во продажбата на возила на светскиот пазар од 9 проценти, на 353.780 возиал во првото полугодие.
Волво ги избегна царините со префрлувањето на производството на Е Икс 30 за Европа во фабриката во Гент.
„Очекуваме да го вратиме нивото (продажбата и пазарниот удел на Е Икс 30) како пред царините,“ кажа Самуелсон.
Додека времето на чекање од нарачка до испорака за Е Икс 30 во Германија во моментов е најналку половина година, моделите што веќе се произведени и се чуваат на залиха, може во земјата да се испорачаат за една седмица.
Шефот на Волво за Европа, Новински, кажа дека планира да ја зголеми залихата од Е Икс 30 во Европа, за да ја следи побарувачката.
„Колку е поевтин автомобилот, толку мора да се поседуваат повеќе возила на залиха“, кажа тој за моделот што е најдостапен во понудата на Волво и може да си го дозволи широк круг купувачи.
Е Икс 30 е главен во плановите на Волво со електричните автомобили во САД
Волво на покус рок веројатно ќе му се посвети на Е Икс 30 за својата продажба во САД, откако моделот сега може да се испорачува од Европа, место од Кина. За извозот на автомобили од Европа во САД се наплаќа царина во висина од 15 проценти.
Волво не го извезува малечкиот електрилен кросовер од Кина во САД, затоа што царината во тој случај би изнесувала 147 проценти.
Волво исто така престана со испорака на компактниот СУВ-модел ЕЦ40 во САД. Претставник на Волво кажа дека Е Икс 40 ќе биде понуден во САД во 2026 година, но не наведе детали за понатаму. Двата модели се произведуваат во Белгија, заедно со Е Икс 30.
















