
Новиот план на Мерцедес-Бенц е да произведува само автомобили што се продаваат насекаде низ светот и од таа причина нема да се произведува следна генерација на А-Класа и Б-Класа. Спортското комби на база на ЦЛА, што Мерцедес го нарекува Шутинг Брејк, сепак доби наследник. Една третина од купувачите на ЦЛА се решаваат за комби-купето.
Мерцедес-Бенц ја одржа премиерата на Шутинг Брејк во Копенхаген, по три месеци од стартот на ЦЛА. Комби-купето нуди поголема практичност во споредба со купе-лимузината. Освен тоа што багажникот е поголем, има уште неколку новини.
Исто како кај купе-лимузината, прва стартува целосно електричната изведба. Испораката ќе започне во март 2026 година. Двете возила се исти до Б-столбовите. Опашот го влошува струењето на воздухот и поради тоа се скусува досегот, меѓутоа нема простор за паничење. Место 800 километри со батеријата од 85 киловати, Шугинг Брејк минува 761 километри.
Во секој случај, досегот е единствен во сегментот на ЦЛА. На брз полнач, батеријата акумулира енергија за преку 300 километри пат за само десет минути. Тука нема разлика со купе-лимузината.
Багажникот располага со зафатнина од најмногу 1.290 литри
Големите разлики се во внатрешноста. ЦЛА нуди товарен простор со зафатнина од 455 до 1.290 литри со соборена клупа. За споредба, багажникот на купе-лимузината е со големина од 405 литри, додека Ц-Класа Т-Модел нуди багажник од 490, односно 1.510 литри.
Дополнителни 101 литри стојат на располагање во осветлениот багажник под предната хауба. Кровните шини се стандард, носивоста на покривот изнесува 75 килограми. Најголемата тежина на приколка што смее да ја влече Шутинг Брејк е иста со купе-лимузината, односно 1.800 килограми.
„Со новиот ЦЛА Шутинг Брејк им се обраќаме на сите што бараат динамика на спортски автомобил, но во секојдневието не сакаат да се откажат од простор и приспособливост,“ порачува директорот за продажба Матијас Гајсен.

Нов волан со преклопливи прекинувачи
Исто како купето ЦЛА, спортското комби стандардно доаѓа со панорамски покрив. Кај Шутинг Брејк сепак има една посебност. Заради заштита од сончево зрачење, се користи безбедносно стакло со топлинска изолација и исклучително тенок заштитен слој оздола.
Со доплата се добива уште една функција. Провидноста на стаклото се менува за само 10 до 20 милисекунди, за целосна провидност или за заштита од погледи.
Врвниот момент е осветлувањето на панорамскиот покрив. Тој е осветлен со 158 ѕвезди, што се впуштени во стаклото. На тоа следи амбиентално осветлување во различни бои.
Цената секако ќе биде повисока во споредба со купето
ЦЛА Шутинг Брејк доби и нов волан, во којшто се вратија преклопливите прекинувачи и валците. Воланот е зарамнет долу, заради помодерен изглед, но и подобра ергономија. Новиот волан ќе се вгадува и во купето.
Гамата на Шутинг Брејк се состои од основен модел ЦЛА 250+ и ЦЛА 350 4Матик. Посилната изведба спринтува за пет секунди до темпо сто. Досегот изнесува 730 километри.

Кон почетокот на следната година ќе се појави изведба со 48-волтен благ-хибриден погон и електромотор што е вграден во менувачот. Цените не се познати, но се разбира дека тие ќе бидат повисоки од купето.
Во претходната генерација, разликата меѓу купе-лимузината и комби-купето изнесуваше само 500 евра на германскиот пазар.
Мерцедес ги објави цените на новиот ЦЛА, хибридниот модел ќе почнува од 46.500 евра















