Фолксваген ја затвора фабриката во Нанџинг, Кина. Концернот ја потврди информацијата на гласникот на германската автоиндутрија Аутомобилвохе. Во заедничката фабрика со САИЦ (МГ) веќе мируваат лентите. Информацијата први ја објавија Ханделсблат. Затворањето на фабриката во Нанџинг е неочекувано. Досега не се случило Фолксваген да затвори фабрика во Народната Република.
Најголемиот дел од продажбата на Фолксваген во Кина во моментов го сочинуваат возила со мотор со внатрешно согорување. Во вториот квартал имаше дури и зголемување на продажбата. Останува големата напнатост на пазарот, а врз Фолксваген дополнително влијае и силниот ценовен притисок во сегментот на електричните возила. Истото важи за сите производители што нудат возила на кинескиот пазар.
Со затворањето се губат 2.500 работни места
Фолксваген во Нанџинг ги прозведуваше Пасат и Суперб. Во иднина, Пасат ќе се прозведува во фабриката во Ижен, којашто е оддалечена 70 километри. Суперб ќе се пресели во друга фабрика на Шкода. Чешката марка веќе извесно време го смалува својот ангажман на кинескиот пазар.
Во фабриката работеа 2.500 лица. Дел од персоналот ќе премине во другитѕе фабрики, главно во Ижен. Фолксваген има околу 40 фабрики за возила и делови во Кина.
На дел од персоналот ќе му биде понудена отпремнина, се зборува во интерни кругови. Се претпоставува дека работниците ќе преминат во кинеските компании. Нивото работно искуство и обуката се бесценети за домашните автомобилски марки што се развиваат.
Неповолна географска положба
Во рамките на својоата стратегија „Во Кина, за Кина“, Фолксваген притиска за преоѓање на електрични, паметни и вмрежени возила. Соодветно на тоа се менува и производствената мрежа. Голем број од локациите на САИЦ Фолксваген во моментов се префрлени на производство на електрични автомобили.
Меѓу причините за затворањето во внатрешни кругови се спомнува близината на фабриката до градот Нанџинг. Поради густата на градбите во центарот на градот, фабриката не можеше да се проширува правилно. Поради тоа беше логично да се изврши пренамена во фабрика за електрични автомобили.
Фолксваген лани продаде околу три милиони возила во Кина, што е најслаб резултат од 2021 година наваму. Тој тренд треба да се смени со новите модели, што ќе се појават во 2026 година. Посебно за кинексиот пазар се развиени неколку дузини нови модели.
Ижен ќе биде нов центар
Фабриката во Ижен ќе биде нов центар на САИЦ Фолксваген за регионот Џансу, северно од Шангај. На тоа подрачје се наоѓаат стотици погони на добавувачите, коишто заедно сочинуваат индустриски кластер што вреди околу 12 милијарди евра.
Во регионот на делтата на Јангце се изработуваат компоненти, како надворешни каросериски додатоци и делови за опремување на кабината, погонски системи, квалитетна автомобилска електроника, системи за безбедбност, како и резервни делови.
Прво затворање фабрика во Кина
Фабриката во Нанџинг веројатно ќе се врати во сопственост на градот. Какви се плановите, уште не се знае, но голема е веројатноста дека друг производител ќе ја преземе фабриката.
За Фолксваген, овој чин е новина. Концернот досега нема затворено фабрика во Кина. Кон завршетокот на 2024 година беше продадена фабриката во Шјинџјианг, додека делови од фабриката во Антинг, каде што е седуиштето на САИЦ Фолксваген, беа пренаменети во центар за истражување и развој.
















