Најпродаван модел на Волво стана Икс Ц 60, на местото на легендарниот Волво 240

Волво во почетокот го произведуваше својот Икс Ц 60 исклучиво во Европа, за СУВ-моделот потоа да стане прв глобален модел на Волво, со производство и во Кина, со цел да се одговори на побарувачката на големиот пазар во земјата. Во 2018 година, Икс Ц 60 беше избран за Светски автомобил на годината.

Шведскиот производител со тековната генерација на Икс Ц 60 го донесе приклучниот хибриден погон до поширок круг купувачи, што се огледува и во фактот дека тој беше најпродаваниот модел со овој вид погон во Европа во минатата година.

Во моделското годиште 2026, беа извршени забележливи зафати во изгледот, се додадоа нови фукции во инфо-забавниот систем и се зголеми брзината на работа, беше подобрен комфорот.

„Растејќи во Шведска во 1980-те, Волво 240 беше иконски семеен автомобил – тој можеше да се види речиси пред секоја куќа,“ кажува Сузане Хаглунд, директорка за глобална понуда во Волво Карс. „Икс Ц 60 денес го презеде тоа место двапати. Не само што тој е семеен миленик, туку стана и најпродаваниот модел во историјата на марката, што е најголемиот доказ за неговиот успех. Со најновото освежување, тој стана уште подобар.“

Волво го цени својот Икс Ц 60 како совршен семеен автомобил

Тоа што Швеѓаните ценат дека посебно ги убедува купувачите на Икс Ц 60 што бараат семејно возило, секако дека ја вклучува врвната безбедност, но и скандинадвскиот дизајн и практичноста на СУВ, во пакување што влева доверба.

Волво и натаму е марка во којашто веруваат семејствата, со таа разлика што на местото на некогашните лимузини, сега се наоѓаат СУВ-модели.

Со повеќе од 2,7 милион продадени примероци, Волво Икс Ц 60 го престигна иконскиот Волво 240, како најпродаван модел на шведската марка.

Комби изведбата на Волво 240 со години беше најпопуларен избор на семејствата ширум светот, омилен поради безбедноста и комфорото возење. Според многумина, тоа беше совршеното комби. Денес, „комбито“ стана СУВ, денешниот Икс Ц 60 точно го наследува духот и местото на некогашниот 240.

Волво наведува дека луѓе што растеле со Волво 240, денес го избираат Икс Ц 60 за своите семејства. „Исто како што 240 остави спомени во нивното детство, Икс Ц 60 денес создава спомени за новата генерација,“ наведува производителот.

Два автомобили со врвен стандард за безбедност за своето време

Кога Волво го пушти 240 во продажба во 1974 година, тој постави стандарди за безбедност што останаа ненадминати низ повеќе децении. Тој првпат располагаше со зона на гмечење напред и назад, во спој со зајакната патничка кабина. Тоа начело на безбедонсен кафез остана до денес.

Волво 240 беше меѓу порвите модели со зајакната странична заштита. Подоцна од тоа се разви и прочуената СИПС на Волво, патентирана технологија за заштита при страничен судир – сајд импакт протекшн систем. Светска иновација беше засилената облога за детско седиште во 1978 година.

Волво 244 ДЛ од 1977 година

Meѓу бројните иновации што ги донесе Икс Ц 60 се првиот систем за самостојно запирање при опасност од судир, Сити Сејфти, со функција да спречи или да ублажи судир при брзини до 30 км/ч. Лансирана во Волво во 2008 година, оваа технологија стана светски стандард во целата бранша.

Уште една иновација следеше во 2017 година, со системот што го повлекува возилото назад во сопствената лента, при ненамерно преоѓање во спротивната лента. Секако дека Волво доби бројни светски признанија за овие достигнувања,

Факти за Волво 240

  • Волво 240 се произведуваше од 1974 до 1993 година и достигна 2.685.171 примероци.
  • Моделот се произведуваше во Гетеборг и Калмар, Шведска, како и во Гент, Белгија.
  • Последниот примерок се симна од производствената лента во Торсланда во Гетеборг на 5-ти мај 1993 година.

Претходна објаваКинески Џили назначи нова претседателка за европскиот пазар на местото на основачот Ерик Ли
Следна објаваМерцедес, Фолксваген, Бош, во сојуз против техно-надмоќта на САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here