Кинески Џили назначи нова претседателка за европскиот пазар на местото на основачот Ерик Ли

Данската ветеранка на автомобилската сцена Лоне Фонс Шродер ќе добие место во управниот одбор на Џили Шведска Холдинг, од каде што се раководат бизнисите на кинескиот производител во Европа.

Таа доаѓа на местото на Ли, најголемиот акционер во Џили, кој е познат и под името Ли Шуфу.

Ли ќе продолжи да членува во управниот одбор. Тој е воедно и претседател на Волво.

„Шредер беше активна членка во управниот одбор на Џили Шведска Холдинг во изминатите шест години, постигнувајќи сé повлијателна улога во развојот на групацијата во Европа,“ изјави претставник на Џили Шведска за Ројтерс.

„Нејзиното назначување за членка на управниот одбор е природен развој на настаните, што ќе ѝ овозможи таа да продолжи да соработува тесно со управниот одбор на Џили Шведска, посебно кога регионализaцијата на групацијата е од сé поголема важност“, порачуваат од компанијата.

Ли во минатата година повика да се придаде поголема стратешка тежина на Џили Холдинг, преку подобрување на соработката меѓу марките во групацијата и спречување на создавањето внатрешна конкуренција меѓу истите.

Тоа што досега е реализирано од планот е соединување на тимовите и преструктурирање на некои од марките, како што се Зикр, Џили Ауто и Линк енд Ко, како и преместување или отпуштање на директорите и членовите на одборите во шведските марки Волво и Полстар.

Марката Полстар, којашто бележи голема загуба и каде што Ли поседува мнозински дел од акциите, преку Џили Шведска и преку приватни холдинзи, исто така ќе смени два свои членови во управниот одбор на Џили, на средбата на акционери што ќе се одржи на 30-ти јуни.

Шродер воедно заминува од одборот на Волво Карс, каде што таа членуваше од 2010 година. Во замена за таа позиција, Данката преоѓа во комитетот за назначување на нови членови на одборите.

Поранешниот извршен директор на Волво, Хакан Самуелсон, во март неочекано беше вратен на својата функција во Волво, во овие турбулентни времиња на притисоци од царините на сите страни и неизвесност во пазарните трендови.

Претходна објаваШкода продава повеќе електрични автомобили од Тесла
Следна објаваНајпродаван модел на Волво стана Икс Ц 60, на местото на легендарниот Волво 240

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here