Шкода продава повеќе електрични автомобили од Тесла

Успехот на електричните автомобили на Шкода доаѓа од новиот компактен СУВ-модел Елрок, што во минатиот месец постигна 9.250 продажби во Европа, што претставува 62% од продажбата на БЕВ.

Големо назадување на Тесла, чијашто продажба во мај падна 28 проценти, на 14.055 возила. Наспроти тоа, убедлив скок кај големоволуменските марки, како Шкода, што со раст од 181 проценти во мај продаде 14.920 возила, нарушувајќи ја хиерархијата.

Овој голем скок на чешката марка на групацијата Фолксваген ѝ го донесе 2-то место во продажбата на батериски електрични возила (БЕВ) во мај, покажуваат податоците од Датафорс.

Повеќе возила од Шкода продаде само матичната марка на концернот, Фолксваген, чијашто продажба во минатиот месец исто така порасна, на 23.270 возила, односно 50% повеќе од истиот месец лани.

Третото место им припаѓа на БМВ, со 1,9 процент во плус и продадени 14.904 БЕВ. Дури потоа следи електричната марка од САД, на 4-то место според продажбата на батериски електрични возила.

Успехот на електричните автомобили на Шкода доаѓа од компактниот СУВ-модел Елрок, што во минатиот месец се продаде во 9.250 примероци и тоа соодветствува на 62 проценти од вкупната продажба на БЕВ на Шкода.

Марката Фолксваген се издвојува од конкуренцијата, благодарение на зголемената мајска продажба на своите модели ИД.3 (+13 проценти), ИД.4 (+11 проценти) и ИД.7 (+368 проценти).

ИД.7 е најпродаваниот БЕВ на марката Фолксваген во минатиот месец, со продадени 6.769 примероци.

Меѓу останатите големи добитници на пазарот во мај се Рено (+33 проценти, 9.215 возила) и Киа (+60 проценти, 8.812 возила).

Продажбата на БЕВ во Рено ја предводи новиот Р5, што учествува со 50% во продажбата на овој погон кај Французите, додека најголем двигател на продажбата кај Киа е ЕВ 3, на којшто му припаѓаат 63 проценти од вкупната продажба на БЕВ во мај.

Тесла Модел Ипсилон и натаму е прв во табелата, меѓутоа кокуренцијата е побројна со модели

Вкупниот удел на БЕВ во продажбата во мај се зголеми за 26 проценти и достигна 193.810 возила.

По месеци, во Европа се продадени вкупно 953.114 возила со чисто електричен погон, што претставува раст од 27 проценти во споредба со првите пет месеци лани.

По одделни сегменти, земајчи ги превид сите видови погон, компактните СУВ ја зголемија продажбата во мај за 17 проценти, на 198.343 возила. По пет месеци, целиот сегмент продаде над 1 милион возила, или за 18 проценти повеќе од лани.

Раст од 34 проценти има и кај големите лимузини од премиум марките, со вкупно 20.673 возила. За пет месеци, сегментот постигна 96.123 примероци или за 35 проценти повеќе од истиот период лани.

Продажбата на големи СУВ од премиум марки напредуваше за 20 проценти со продадени 32.784 возила во мај. Од јануари до мај, овој сегмент постигна вкупно 161.307 продажби или за 8,2 проценти повеќе во споредба со првите пет месеци во минатата година.

Претходна објаваРено ги развива идните модели во техно-капсула што тежи 8 тони
Следна објаваКинески Џили назначи нова претседателка за европскиот пазар на местото на основачот Ерик Ли

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here