Шкода Елрок може да стане најпродаван електричен модел на концернот Фолксваген

Елрок нема потреба од маска за воздух за ладење на моторот и со тоа се откажува од препознатливото обележје на моделите на Шкода со обичен погон.

Шкода Елрок го имаше својот продажен старт во многу незгодно време, затоа што Фолксваген во исто време ги спушти цените за електричниот ИД.3 на дел од пазарите во Европа.

Поради тоа, Елрок што првично требаше да има улога на најдостапен електричен модел во целиот концерн Фолксваген, сега е незначително поскап од ИД.3. Со цена од 33.900 евра на германскиот пазар, тој е за 570 евра поскап од електричниот компакт на Фолксваген. Тоа се цени без вклучена субвенција од 3.570 евра, што ќе важи до завршетокот на годинава.

Цената е слична со Карок со обичен погон

Елрок сепак поседува голем потенцијал. Како модел од сегментот на компактните СУВ, тој се обраќа на најголемиот дел од пазарот и голема е веројатноста дека ќе стане најпродаван електричен модел на концернот Фолксваген.

Неговата водечка улога во понудата од модели на Шкода е неприкосновена. Тој чини 15.000 евра помалку од големиот Ениак и со цената се приближува дури до Карок со бензински мотор, којшто има слична големина и во Германија во моментов чини 33.140 евра.

Изобилство од системи за асистенција

Исто како што убедува со цената, така Елрок убедува и со техниката. Со неговиот впечатлив „Тек-Дек-Фејс“, каде што целосно отсуствува маска за ладење, и со дводелните светла, тој верно го воспоставува новиот дизајнерски говор на Шкода.

Внатрешноста привлекува со голем дисплеј на допир, со бројни системи за асистенција и со проекциски дисплеј со унапредена реалност, односно со упатства од навигацијата и информации за возењето коишто се прикажуваат како да лебдат над патот. Траги од класичен кокпит се физичките копчиња на воланот и бирачот за степени на возење во средишната конзола.

Внатрешноста претставува спој меѓу современа техника и традиционални елементи.

Без малечок багажник напред

Со должина од 4,48 метри и меѓуоскино растојание од 2,77 метри, Елрок нуди просторна кабина, вклучувајќи и доволно место на задната клупа. Багажникот собира 470 литри, односно 1.580 литри со соборена клупа. Тоа е за 10 проценти повеќе отколку Ауди А6 е-трон Авант.

Малечок багажник напред отсуствува, меѓутоа Шкода осмисли клевер-детал и вградува мала мрежа под задната полица, што го олеснува посегањето по кабел за полнење, без потреба да се празни цел багажник.

Шкода вели дека надворешноста на Елрок се одликува со чисти линии.

Моќност од 170 до 299 КС

Основата е познатата платформа МЕБ на концернот. Основниот модел Елрок 50 располага со 170 КС, батерија од 55 кВч и досег од 360 километри.

Елрок 60 досега до 204 КС и 63 кВч, додека врвната изведба Елрок 85, нуди 299 КС, батерија од 82 кВч и досег до 560 километри. Крајната брзина е од 160 до 180 км/ч.

Бавно полнење при користење обичен полнач

Единствена темна точка е моќноста на полнење. При користење домашен полнач, Елрок полни со најмногу 11 кВ. Поинаку е кога на располагање стои брз полнач: Помалата батерија се полни со моќност до 125 кВ, додека кај поголемата батерија може да се смета до 175 кВ. Наполнетост од 80 проценти се постигнува за околу 30 минути.

Се планираат уште подостапни модели

Елрок освојува симпатии со свежиот изглед, проторната кабина и промислените детали. Иако е незначително поскап од ИД.3, тој сепак е подобриот избор во овој случај.

Нема да се чека многу до следното големо поглавје во електромобилноста во концернот. Уште в година пристигаат заедничките модели на Фолксваген, Купра и Шкода. Тоа се ИД.2, Равал и Епик.

Видеото од тестот на Шкода Октавиа 2.0 ТДИ

Претходна објаваМерцедес дневно изработува по 20 автомобили по посебна нарачка
Следна објаваПежо 208 Актив 75 · Тест · Светиот број има уште комбинации

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here