Втор електромотор го претвори Опел Грандленд во 4х4

Опел Грандленд Електрик АВД е автомобил за секаква пригода: Погон на сите тркала, досег до 501 километри, спортска програма и приспособливи амортизери.

Знаменосецот на Опел, во неговата целосно електрична изведба – третата погонска опција покрај благ и приклучен хибрид – е прв батериски електричен модел на германската марка, што доби изведба со погон на сите тркала. Бројките се за почит: 325 КС, 509 њутнметри, спринт од 6,1 секунда до темпо сто.

Електромобилноста извозе далеку во Опел. Уште во 2024 година, марката со блицот (германски за молња) стана прва германска марка што нуди електрична верзија од секој модел во својата понуда.

Следно е додавањето изведба со погон на сите тркала во гамата на знаменосецот Грандленд, во неговата електрична варијанта. Тоа значи додавање втор електромотор, што е задолжен за задната оска. Опел во моментов цели високо со своите нови модели, затоа што неодамна го најави доаѓањето на електричните модели ГСЕ, што треба да биде продолжение на поглавјето на ГСи, потоа ОПЦ, а пред сите нив, ГС и ГС/Е, во времето на Монца и Комодоре.

Како врв во понудата на Грандленд, „АВД“ се разликува од останатите модели со додатоците за подобрување на аеродинамичноста напред и назад, како и со тркалата од 20 инчи во две бои. Со конефициент цВ 0,278, оваа верзија на Грандленд најлесно се пробива низ воздухот.

Четири режими на возење, 325 КС и досег до 501 километри

Електричниот Грандленд со ол-вил-драјв постигнува досег до 501 километри со батеријата од 73 кВч. На брз полнач, обновувањето на енергијата од 20 до 80 проценти трае под 30 минути.

Напред останува истиот електомотор како во стандардната изведба, со моќност од 213 КС, а назад работи електромотор со 112 КС, што дава системска моќност од 325 КС.

Видеото од тестот на Опел Грандленд Хибрид

Возачот може да избира меѓу четири режими:

Нормален, кога првенствено работи предниот електромотор, со моќност ограничена на 313 КС и вртежен момент од 450 њутнметри. По потреба се вклучува задниот електромотор. При нагло и целосно притискање на педалот за возење, двата електромотори ја ослободуваат целата моќност.

4ВД, кога двата мотори работат заедно и рамномерно ја распределуваат погонската сила (50:50) со цел да се постигне подобра тракција на лизгава подлога. ЕСП и контролата на тракција работат во посебен режим.

Спортски, кога двата мотори работат истовремено, но во сооднос 60:40, со нагласок на преднатаоска, за да се постигне подобра динамика. Управувањето и педалата за забрзување реагираат директно.

Економичен, кога работи единствено предниот електормотор. Моќноста е сведена на 213 КС, вртежниот монмент на 343 њутнметри. Само при силно забрзување се буди задниот електомотор. Клима-уредот и педалата за гас исто така работат во еко-програма.

Друга посебност на Грандленд Електрик АВД е стандардното подвозје со амортизери што реагираат зависно од фреквенцијата што ја произведуваат нерамнините на патот. Технологијата се базира врз втор вентил и втор систем низ којшто кружи маслото во амортизерите, со што се обезбедува тие да реагираат меко на куси нерамнини со повисока фреквенција – на пример набран асфалт на градска улица пред семафор – односно спортски и покруто на нерамнини што предизвикуваат пониска фреквенција, за да не се наруши стабилноста – на пример при оштетен пат во свијок.

Пружините, стабилизаторите, управувањето и ЕСП се нагодени посебно за електричната верзија со погон на сите тркала.

Опел Грандленд Електрик во нашиот онлајн-каталог Автосалон МК

Opel Grandland Electric Edition

Претходна објаваКолку возила продаде Донгфенг на европскиот пазар годинава
Следна објаваРено во потрага по нов шеф по заминувањето на Лука де Мео

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here