
Тојота и нејзината луксузна марка Лексус во април продадоа 142.754 возила во Кина, што претставува раст од 21 проценти во споредба со лани. Компанијата не ја наведува посебно продажбата на двете марки во Кина.
„Во тешки пазарни услови, додека пазарот преоѓа на електрични возила и се засилува ценовната конкуренција, дилерите ги искористија мерките за поттикнување на продажбата што се темелат врз политиката на владата за олеснување на купувањето авотмобили, што резултираше со зголемување на продажбата во споредба со лани“, стои во соопштението од производителот.
Продажбата на Тојота во Кина годинава растеше три месеци во низа до април, со вкупно испорачани 530.153 возила во првите четири месеци од годината, што претставува раст од 7,7 проценти.
Останатите два јапонски производители и натаму се соочуваат со потешкотии во Кина.
Со 45.951 возило, Нисан во април продаде 11 проценти помалку возила во споредба со истиот месец лани. Вкупно за четири месеци, продажбата падна 26 проценти, на 162.908 возила.
Хонда имаше уште поголем пад во април, со продадени 43.689 возила, што е 41 проценти минус во споредба со лани. За периодот од јануари до април, резултатот е 201.576 возила и пад од 28 проценти.
Трите големи јапонски производители уште не ги објавија мајските продажби на кинескиот пазар.
Лани Тојота втора година по ред имаше пад во продажбата во Кина, со 6,9 проценти во минус и 1,78 милион возила. Една година пред тоа, кинескиот пазар регистираше пад од 1,7 процент за јапонската марка
[the_ad id=”85764″].
Нисан ја заврши минатата година со пад од 12 проценти во Кина и продадени 697.000 возила, додека Хонда имаше пад од 31 проценти и околу 852.000 продажби.
Нисан шест години во низа губи во Кина, додека кај Хонда тоа се случува четири години во континуитет.















