Нисан ќе дозволи кинескиот партнер Донгфенг да ги користи фабриките на јапонскиот производител

Донгфенг и Нисан ја произведуваат електричната лимузина Н7 во Вухан, се размислува за извоз на моделот.

Нисан и Донгфенг заеднички развиваат автомобили, што ќе се произведуваат и ќе се продаваат во Кина, со можност за нивно извезување ширум светот.

Еспиноза кажа дека Нисан ќе му помогне на Донгфенг да ги произведува своите модели надвор од Кина.

„Можеме дел од соработката да ја прошириме надвор од Кина, понудувајќи им тие да пристапат во нашиот производствен екосистем“, изјави Еспиноза на конференцијата за иднината на автомобилите, што угледниот Фајненшел Тајмс ја одржа на 15-ти мај во Лондон. „Со нив соработуваме преку 20 години и сите опции се во игра,“ вели Еспиноза.

Кинеските производители на автомобили БИД, Чери и САИЦ (МГ) отвораат фабрики во Европа или бараат локации за изградба на фабрики за монтажа, со цел да се избегнат царините на ЕУ.

На прашање дали единствената фабрика на Нисан во Европа, што се наоѓа во Сандерленд, Англија, е можен кандидат за производство на автомобилите на Донгфенг, Еспиноза кажа дека тоа е прашање што се однесува на Донгфенг, меѓутоа потврди дека Нисан е „отворен за соработка.“

Пикапот Фронтир Про, прв модел на Нисан со приклучен хибриден погон и прв пикап со електрифициран погон, што се произведува во Кина, ќе се извезува глобално.

Еспиноза напомена дека Сандерленд не е меѓу седумте неименувани фабрики што Нисан реши да ги затвори, како чекор од широката транформација што отпочна на 13-ти мај. Тој сепак посочи дека е покорисно автомобилите да се извезуваат од Кина, место да се произведуваат во Сандерленд.

„Условите не се исти. Како локален производител во ОК, немате предност,“ кажа Еспиноза. „Цените на енергијата не се толку конкурентни како на останатите пазари, и потребна ни е поддршка од владата, за да останеме конкурентни во ОК.“

Лани во фабриката во Сандерленд беа произведени 325.000 возила, што е далеку над капацитетот на фабриката за 500.000 возила годишно.

Нисан потроши 2 милијарди фунти, за фабриката во Сандерленд да ја приспособи за производство на новиот компактен СУВ-модел Лиф, што треба да започне во текот на годинава.

Идното трио електрични модели на Нисан, лево е Џук, во средината Лиф, десно е Микра.

Владата на Обединетото Кралство на 12-ти мај објави дека обезбедила фонд во вредност од 1 милијарда фунти, што на добавувачот на батерии на Нисан, АЕСЦ, ќе му помогне да ја доврши гигафабриката во Сандерленд.

Еспиноза кажа дека компанијата има намера да го извезува пикапот со приклучен хибриден погон Фронтир Про, што е заеднички проект на Нисан и Донгфенг. Пикапот доаѓа во замена на Навара, којaшто се произведуваше во Шпанија до 2021 година, кога Нисан реши да ја затвори фабриката во Барцелона.

Нисан во друга пригода соопшти дека има намера да донесе кинески возила во Европа, но не наведе марка и производител. Електричната лимузина Н7, што Донгфенг и Нисан ја произведуваат во Вухан, еден e од можните кандидати за извоз.

„Ќе продолжиме да инвестираме во модели во Кина, поради тоа што тамошната технологија, брзината и конкуреноста се одлични. Ќе ги користиме тие производи и надвор од Кина“, додава Еспиноза.

[the_ad id=”85764″]

Нисан бара начин да ги искористи партнерствата со Донгфенг, Рено и Мицубиши, со цел да се подобри искористеноста на сопствената производствена мрежа во светот и да почне повторно да работи профитабилно.

Компанијaта пријави загуба од 4,5 милијарди долари во финансиската година што заврши на 31-ви март, поради реструктурирањето и планираното отпуштање 19.000 работници.

Претходна објаваЕлектричниот пикап на Форд почна да се продава подобро од Тесла Сајбертрак
Следна објаваСтелантис ќе врати дел од производството на Масерати во Модена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here