Електричниот пикап на Форд почна да се продава подобро од Тесла Сајбертрак

Тесла Сајбертрак со својот незгоден изглед е чиста спротивност на електричниот Форд Ф-150 Лајтнинг, којшто изгледа како обичен пикап.

Присутен на пазарот уште од 2023 година, Сајбертрак во март годинава имаше 2.170 регистрации, додека Форд Ф-150 Лајтнинг постигна 2.598 регистрации, покажуваат најновите податоци на С&П Глобал Мобилити. Лајтнинг е на пазарот уште од мај 2022 година.

Исто е во првите три месеци, со регистрирани 7.126 примероци од Сајбертрак и 7.913 примероци од Лајтнинг.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, го претстави Сајбертрак во 2019 година, како предизвикувач за пикапите со обичен погон од големата тројка од Детроит. Целата Ф-серија пикапи на Форд, вклучувајќи ги сите видови погон, во март имаше 64.210 регистрации, далеку над вкупната продажба на Тесла.

Тесла издаде сервисен повик за 46.096 примероци од Сајбетрак, за да се отстрани опасноста од откачување на каросериски панел при возењето. До мај, Тесла дури осумпати ги има повикувано сопствениците на Сајбертрак во сервисна работилница.

На експертите не им е чудно тоа што Сајбертрак не успеа. Цената е превисока, изгледот е радикален, а на тоа доаѓа и политичката активност на Маск. Тој е советник на претседателот Трамп и сопственик на мрежата Икс, некогашен Твитер.

Електричен пикап Форд Ф-150 Лајтнинг приклучен на полнач

„Сајбертак е лесна мета, во хаосот предизвикан од детското, непромислено и неодговорно политичко однесување на Илон Маск. Како резултат од тоа, исчезна желбата за овој веќе контроверзен пикап,“ вели Роби Де Граф, аналитичар во Ауто Пацифик.

„Од друга страна, Ф-150 Лајтнинг, продолжува да ги освојува купувачите на ЕВ што бараат пикап без штетна емисија, што е практичен и издржлив – наспроти негативните асоцијации, изгледот на моторна-санка и сомнителен квалитет“ на Тесла, додава Де Граф.

Сопствениците го воздигнуваат Сајбертрак

Скромната побарувачка за Сајбертрак во првото тромесечје следи по релативно добрата продажба лани, откако беше постигната планираната продукција. Сајбертрак во 2024 година имаше 39.442 регистрации, наспроти 32.893 регистрации на Лајтнинг.

Сопствениците на Сајбертрак целат дека пикапот е техничко совршенство и возењето е уживање. На онлајн-форумот на сопствениците на Сајбетрак, во неформалната анкета што беше спроведена неодамна, дури 86 проценти одговориле дека повторно би го купиле пикапот, и покрај лошите критики за неговите возни својства.

Сајбетрак е релативно скап со 71.985 долари за основната изведба со заден погон. Добро опремен Форд Ф-150 Лајтнинг со погон на сите тркала, стартува од 65.190 долари.

Тесла ги отвори нарачките за основната изведба дури во април. Пред тоа, најдостапната изведба чинеше 81.985 долари, додека врвниот модел Сајбербист стартува од 101.985 долари.

Маск при премиерата во ноември 2019 година ветуваше дека Сајбертак ќе се понуди во изведба со цена под 40.000 долари. Тој вети и модел со побогата опременост и досег до 800 километри. Пикапот засега совладува досег од околу 550 километри.

[the_ad id=”85764″]

При објавувањето на деловните резултати за првиот квартал, компанијата наведе дека фабриката во Остин, Тексас, работи со капацитет за 125.000 примероци од Сајбертрак годишно. Во 2023 година, Маск предвидуваше многу повисоко, меѓу 250.000 и 500.000 примероци годишно, зависно од побарувачката.

Во март, пикапот на Тесла не се најде ниту меѓу 10-те најпродавани ЕВ. Во првиот квартал, Сајбертрак е 9-ти најпродаван ЕВ, по Фолксваген ИД.4.

Во конкуренција на електрични покапи, Сајбертрак сепак е на второто место, пред Шевроле Силверадо ЕВ, ГМЦ Сиера ЕВ, Ривиан Р1Т и ГМЦ Хамер.

Претходна објаваЈапонските производители ќе претрпат штета од 19 милијарди долари поради царините во САД
Следна објаваНисан ќе дозволи кинескиот партнер Донгфенг да ги користи фабриките на јапонскиот производител

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here