Мерцедес-АМГ во 52 примероци во чест на филмот Ф1 со Бред Пит

Ф1 е филм во продукција на Епл Ориџинал Филмс, со Бред Пит и Дамсон Идрис во главните улоги, во режија на Џозеф Козински, со Џери Брукхајмер како продуцент. Премиерата е закажана за јуни, Мерцедес-АМГ е главен консултант за светот на Ф1 и ги испорачува возилата АМГ што се појавуваат во филмот. Во таа чест ќе се изработи специјална серија од АМГ ГТ во само 52 примероци, со име АПИксГП Едишн.

Фановите на формула 1 конечно ќе добијат филм што е посветен на Ф1 и веродостојно го прикажува тој свет. Годинава ќе доживее премиера Ф1 Филмот, со Бред Пит и Дамсон Идрис во главните улоги.

Во филмот се користени сцени од вистински трки во Ф1 ширум светот, со цел да се постигне веродостојна тркачка акција, придружена со впечатливи ликови и со возбудлива приказна.

Мерцедес-АМГ како официјален промотивен партнер на Епл Ориџинал Филмс и Варнер Брос Пикчрс го поддржуваше филмскиот тимот на Ф1 со искуства од трките, како и со возила.

Во филмот се појавуваат СЛ, Г-Класа и ГТ, а секако и официјалното безбедносно возило и возилото за итна помош.

Мерцедес-АМГ ќе го прикаже АМГ ГТ 63 4Матик+ АПИксГТ Едишн за време на трката за големата награда на Мајами. Возилото во бројни детали зема примери од Ф1-болидот на измислениот тим АПИксГП.

Најскапите ставки од списокот на дополнителна опрема се дел од овој специјален модел на АМГ ГТ, како активното подвозје со систем за спречување на наведнувањето на каросеријата и активниот систем за аеродинамичност. Моторот е 4.0 Ве8 Битурбо со 585 КС.

Ф1 Филмот ќе почне да се прикажува во кината во Северна Америка на 27-ми јуни, два дена пред тоа ќе биде интернационалната премиера.

Специјална серија во само 52 примероци

АПИксГП Едишн е изработен по пример на тркачкиот Ф1 болид во филмот, во укинатната боја на болидот. Голем дел од доработката е извршен рачно. Кованите АМГ-тркала од 21 инчи се лакирани во мат златна боја. Контраст даваат црните сопирачки клешти од керамичките дискови што се стандард на моделот, со 6-клипа.

Сите спојлери што ги нуди АМГ се вградени, со поголемиот дел од нив со видлива карбонска структура. Панорамски покрив е вклучен во специјалниот модел, исто како и фиксираниот заден спојлер.

Внатрешноста покажува акценти во златна боја. Седиштата АМГ Перформанс во комбинација напа кожа/микрофибер, исто така имаат златна опшивка.

АПИксГТ Едишн е наменет за секојдневно користење, па поседува и бројни комфорни и функционални ставки. Тоа опфаќа и скапо аудио Бурместер со 15 звучници и моќност од 1.170 вати.

Цената не се спомнува, веројатно може да се смета на најмалку двојно од цената на стандардниот ГТ 63, што според германскиот ценовник чини 190.191,75 евра.

Модел од специјална серија на Мерцедес се појави во салонот на Мак Аутостар

Претходна објаваКиа во април ја зголеми продажбата за 5 проценти
Следна објаваБМВ со два нови „модели“, парфеми Ејмбернес и Бергамуд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here