БМВ со два нови „модели“, парфеми Ејмбернес и Бергамуд

Бизнисот на производителите на автомобили со парфеми е исплатлива работа. За премиум марка е речиси задолжително да има парфем што одговара со автомобилите. БМВ пушти во продажба два нови парфеми, зад коишто стои големо име во светот на парфемите.

Слоганот на БМВ е многу јасен, тука се нуди радост во возењето. За таа радост да биде присутна во секој миг од секојдневието, БМВ понуди два парфеми, поточно парфемирана вода (меѓу парфем и колонска вода), со име Ејмбернес и Бергамуд.

Парфемите се создадени од Мавив, компанија што ѝ припаѓа на италијанската фамилија Видал. Меѓу останатите парфеми на Мавив секако е мошне звучна линијата ЦР7, зад којашто е нормално дека стои Кристијано Роналдо, но има и едно име што е познато со генерации, Пино Силвестре. На дамите повеќе им е позната линијата Полис.

Соопштението од Минхен понатаму продолжува со многу поезија, што веројатно е суштинската порака во светот на парфемите, меѓутоа најкусо и најверно опишува Штефан Карх, директор за производите за лајфстајл и лиценцирање на БМВ: „Новите парфеми на Ејмбернес и Бергамуд на БМВ ја пренесуваат на нов начин радоста што е својствена за БМВ. Исто како марката БМВ, тие се освојувачки, привлечни и впечатливи.“

Формата на садот личи на „четирите цилиндри“, центарот на БМВ во Минхен

Проѕирното стакло е со едноставна цилидрична форма и потсеќа на центарот на БМВ во Минхен. Во црната капа е втиснато логото на БМВ. Изработката остава мошне убедлив впечаток, со метализираната капа.

БМВ Ејмбернес и Бергамуд се веќе во продажба во избрани парфимерии и во онлајн-продавницата https://lifestyle.bmw.com како и кај дилери на БМВ.

Парфемираната вода чини 62,00 евра за 50 милилитри, односно 85,00 евра за 100 милилитри.

Видеото од тестот на БМВ Икс 2

Претходна објаваМерцедес-АМГ во 52 примероци во чест на филмот Ф1 со Бред Пит
Следна објаваШефовите на Рено и Стелантис бараат ЕУ да ги попушти нормите за малечки автомобили, за да не затвораат фабрики

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here