Грчката полиција доби донација од 10 електрични Фиат 500

На свечениот чин на примопредавање на десетте електрични возила Фиат 500е во Атина, присуствуваа министерот за безбедност, претседателот и извршниот директор на ППЦ, најголем електродистрибутер во земјата, како и шефот на грчката полиција.

Возилата Фиат 500е веќе се користат во служба на полициската патрола на територијата на Атина. Електричните Фиати се во изведбата со поголема батерија, со којашто во градски услови може да се минат до 460 километри.

Уште една посебност на моделските изведби за грчката полиција е третата врата, којашто се наоѓа од совозачката страна и преку неа се пристапува до задната клупа. Според соопштението, „впечатливиот градски автомобил, со својата висока приспособливост и напредниот електричен погон, дава динамичен придонес за електрифдикација на возниот парк на грчката полиција и го подобрува еколошкиот отпечаток на силите на безбедноста.“

За средината е корисно и тоа што патролните возила се движат нечујно, а за даночните обврзници е дополнително корисно и тоа што трошоците за одржување и работните трошоци се ниски. На службениците за редот и мирот ќе им биде полесно секојдневието зад воланот на електричниот Фиат 500е, со тоа што во повеќето ситуации ќе можат да забавуваат само отпуштајќи ја педалата за гас.

Полициските Фиати на струја ќе можат да ги користат и 36-те станици со полначи што групацијата ППЦ ги има поставено во Атина.

Фиќо има долга историја како милициско возило на овие простори

Zastava 750 milicija Dan MUPa 2020 02

 

Претходна објаваВо Мадрид и Осло автомобили со скенер ловат погрешно паркирани возила
Следна објаваКиа во април ја зголеми продажбата за 5 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here