Во Мадрид и Осло автомобили со скенер ловат погрешно паркирани возила

Автомобили со скенер на покрив што ги откриваат погрешно паркираните возила, со години се секојденевие во бројни градови ширум Европа. На овој начин многу поделотворно се ловат возилата без платен паркинг и возила оставени без совесност, отколку на навидум поевтиниот и поедноставен начин, со контролори што пеш ја обавуваат оваа задача.

Начинот на работа е многу едноставен. На покривот на возилото се поставуваат камери што ги читаат регистерските ознаки на паркираните возила покрај коишто минуваат. Ознаката понатаму се испраќа до датотека, каде што се утврдува дали за возилото е платено паркирањето.

Овие контроли сепак функционираат само на местата на коишто е овозможено дигитално следење на паркирањето. Тоа важи и за простор што е наменет за станари, како и за посебни одобренија, каде што исто така е услов да постои дигитализиран систем.

Автомобилите со скенер проверуваат дали возачот има платено карта за место за коешто се наплаќа паркирањето. Тие исто така ги снимаат и возилата што се паркирани на недозволено место, на пример на велосипедска патека или на автобуска лента.

Откривање и на возилата што се паркирани на недозволено место

Авто-скенерите се посебно корисни токму за последниве случаи. Од досегашните искуства, градовите потврдуваат дека на овој начин многу поделотворно се спречува паркирање на тротоар, велосипедска патека, на простор на крстосница, на пешачки премин.

Контролорите што се движат пеш во својата зона на надлежност пак се клучни во надгледувањето на паркирањето, меѓутоа нивната работа е далеку порастоварена. Тие едноставно добиваат однапред информација за местоположбата на возилото што е паркирано недозволено. Контролата е многу поделотворна.

Техниката се користи масовно, пример за тоа се Мадрид и Осло, но и градови во Франција и Холандија. Искуствата што доаѓаат од овие средини се мошне позитивни. Во Амстердам, на пример, трошоците за контрола на паркирањето се преполовени. И контролорите повеќе се поштедени од непријатни ситуации.

Главната предност е во ефикасноста. Едно лице со возило со скенер, може да контролира до 1.000 возила за еден час, додека пеш се постигуваат одвај 50 возила. Има придобивки и за безбедноста, затоа што се спречува возила да се паркираат на простор за пешаци, велосипеди, автобуси, или на места, на коишто се попречува прегледноста.

Нема проблеми ниту со заштитата на податоци

Скенерите ги читаат регистерските ознаки, местото и времето на контролата. Податоците се бришат по завршувањето на постапката на наплата на казната. За автомобилите што се паркирани правилно, податоците веднаш се бришат. Пешаците што се појавуваат на снимките, се прикажуаат нејасно, во точкест растер.

Претходна објаваАуди со зголемен промет во првото тромесечје, забрза продажбата на електричните
Следна објаваГрчката полиција доби донација од 10 електрични Фиат 500

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here