Саудиска Арабија ќе биде спасителот на Нисан?

Пикап Датсун од 1970-те, под тоа име Нисан ги извезуваше своите автомобили

Јапонскиот автомобилски концерн Нисан, погоден од криза, се подготвува за Рено постепено да се повлече на сојузот и воспоставува контакти со можни нови инвеститори. Според информациите на гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе, во тек се преговори со инвеститори од Саудиска Арабија.

Од индустриски кругови се дознава дека е извесно вклучувањето на пустинската држава во Нисан. Државните фондови ПИФ веќе низа години се во потрага по прозиводител на електрични автомобили и се бара партнер со искуство во тоа подрачје.

Новиот шеф на Нисан, Иван Еспиноза, кој го води концернот од почетокот на април, мора производителот на автомобили да го направи повторно да биде привлечен за инвеститорите. Точно е дека Нисан во 2024 година продаде преку три милиони возила, но во повеќе региони ширум светот имаше пад во продажбата. Јапонците се соочуваат со потешкотии и при обезбедувањето на инвестициите, што се неопходни за да се фати чекор со технолошкиот напредок.

Пропадна спојувањето со Хонда

Поради тоа, на Нисан итно му е потребен нов инвеститор, што ќе донесе многу пари. Во февруари пропадна спојувањето со Хонда, и тоа беше причина за дотогашниот шеф на концернот, Макото Учида, да поднесе оставка. По пропаднатиот обид со Хонда, се шпекулираше дека Тесла ќе се вклучи во Нисан. Кусо време струеја и гласините дека тајванскиот производител на електронска опрема – и фактички производител на Епл Ајфон – ќе се најде во улога на „јавач на бел коњ“. Но, од тоа ништо не испадна.

Кралството Саудиска Арабија е подготвено да му помогне на големиот производител на автомобили. Земјата има поставено цел да го поттикнува електричниот погон. Државните фондови ПИФ веќе имаат контрола над стартапот Луцид Моторс, па имаат и сопствена електрична марка Сир.

Искуството оди во прилог на Нисан. Јапонците веќе располагаат со широка продажна мрежа ширум светот и во 2010 година го пуштија во продажба својот Лиф, еден од првите големосериски електрични автомобили. До 2019 година, тој беше најпродаван електричен автомобил во светот, пред водството да го преземе Тесла Модел 3.

Сојузот се раскинува

Сојузот што постои од 1999 година, меѓу Рено и Нисан, а подоцна и Мицубиши, се наоѓа во последната фаза. Двата партнери ги прекинуваат меѓусебните врски. Со тоа Рено му овозможи на својот сојузник да биде финансиски пофлексибилен, односно да има повеќе слобода во потрагага по нов финансиски партнер.

За да му помогне на Нисан да обезбеди свеж капитал, Рено го презеде заедничкиот бизнис во Индија. Оваа заедничка компанија во којашто Нисан го имаше мнозинскиот удел од 51 проценти, сега целосно е во сопственост на Рено.

[the_ad id=”85764″]

Компаниите не ја објавија сумата. Французите исто така се сложија Нисан повеќе да не мора да ги инвестира претходно договорените 600 милиони евра во бизнисот на Рено со електрични автомобили, познат како Ампер. Нисан ќе се повлече од Ампер и ќе заштеди пари.

Партнерите ги ослабнуваат и меѓусебните врски. Од досегашните 15 проценти, минималното взаемно учество е скусено на само 10 проценти. Тоа му овозможува на Нисан да продава акции. Французите во моментов поседуваат 36 проценти од акциите во Нисан.

Претходна објаваФорд: Вработени протестираат поради неизбежниот банкрот на марката во Европа
Следна објаваЈужна Кореја со 2 милијарди долари ќе им помага на своите производители на автомобили во кризата на Трамп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here