Лоренс Строл, извршниот претседател на холдингот Астон Мартин Лагонда кажа дека е подготвен во иднина да го преземе производителот на луксузни возила во приватна сопственост, откако најави план да вложи нова сума.
Конзорциумот Јо Три во сопственост на канадскиот милијардер, плати 52,5 милиони фунти за својот удел да го зголеми на 33 проценти, соопштија од компанијата на 31-ви март. Јо Три планира да купи 75 милиони новоиздадени акции по цена од 70 пени по акција, што е малку над вредноста при затворањето на берзата во петокот.
Компанијата е „многу потценета“ и проценетата пазарна вредност од околу 650 милиони фунти е „смешна“ кажа Строл, додавајќи дека е подготвен да го преземе Астон Мартин во приватна сопственост, доколку состојбите не се подобрат со текот на времето.
„Дали такво нешто може да се случи во иднина? Да, постои можност за тоа. Никогаш не вели никогаш. Дали тоа ми е на приоритетната листа да го направам во следните две седмици? Не, но никогаш не вели никогаш,“ изјави тој во интервју.
Конзорциумот на Строл вложи преку 600 милиони фунти во британскиот производител, откако го спаси во 2020 година. Компанијата што е во длабоки долгови, повеќепати побара зголемување на капиталот, а во моментов се наоѓа во фаза за најновата пресвртница под раководство на шефот Адријан Холмарк, поранешен шеф на Бентли Моторс.
Астон Мартин планира меѓу другото да го продаде својот удел во тимот во Формула 1 што го носи неговото име и за тоа да касира најмалку 96 милиони долари. Строл планира да привлече нов стратешки инвеститор во тимот, што тој го контролира посебно.
[the_ad id=”85764″]
ХПС Инвестмент Партнерс и Аксел Партнер, фирми од САД, лани вложија во тимот сума од 1,8 милијарда фунти, кажа Строл. Неговиот план е да вложи исто толку или повеќе. „Големиот интерес нé прави среќни што можеме да избираме на кого ќе му го продадеме уделот,“ кажа Строл.
Астон Мартин ги спушти и очекувањата за деловните резултати за 2025 година, по првичните анализи за последиците од дополнителните царини што ги најави претседателот Трамп. Наспроти претходно планираниот раст од околу 5 до шест проценти, компанијата сега очекува „скромен раст“. Холмарк коментираше дека тоа „не е катастрофа, меѓутоа вознемирува“.
Вредноста на акциите на Астон Мартин на 31-ви март порасна 14 проценти, но тие уште се 35 проценти под вредноста во споредба со лани.
Холмарк веќе ги спушти предвидувањата за профитот за 2025 година и најави план да го скуси персоналот за 170 лица, што е околу 5 проценти од работната сила. Астон и натаму планира да постигне позитива во второто полугодие, откако тоа не успеа во минатата година.
















