Браншата веќе долго работи на смалување на карбонскиот отпечаток. Покрај возилата што испуштаат помалку ЦО2, фабриките за нив се движат во насока да не испуштаат ниту грам од стакленичкиот гас. Мерцедес и тука се наоѓа како предводник.
Новата генерација на Мерцедес-Бенц ЦЛА не е помалку од револуција. При нејзиниот развој е користен сосем нов пристап, односно софтверот е тоа што денес го „движи“ автомобилот, тоа е „моторот“ на денешните автомобили.
Тоа што не се гледа директно во новите автомобили, но и во тоа е вложено многу: За шест години, Мерцедес-Бенц ја скусил емисијата на ЦО2 од своите фабрики за 75 проценти. Производителот од Штутгарт вложува огромни суми за фабриките да работат со пониска потрошувачка на енергија, за суровините да се движат во затворен круг, односно т.н. циркуларна економија и во обновлива енергија, односно во ветер, сонце, вода.
Напредокот кај новите генерации возила веќе одамна не се огледува во КС. Тоа што Мерцедес-Бенц дополнително има да го соопшти за својот нов ЦЛА, не е ништо помалку фасцинирачко од податок дека некој автомобил забрзувал за три секунди до темпо сто:
- Фабриката во Раштат, каде што се произведува новиот ЦЛА, троши 15 проценти помалку енергија во споредба со претходниот модел
- За 65 проценти од клучните суровини во автомобилот, Мерцедес-Бенц АГ гарантира дека не се прекршени човечките права и нема ризик за животната средина
- И луѓето во Мерцедес-Бенц можат да бидат поспокојни околу работното место во Германија, затоа што истото им се гарантира до 31-ви декември 2034 година.
Шефот Ола Калениус го цени новиот ЦЛА како „голем чекор напред во реализацијата на нашата амбиција 2039, тоа е најефикасниот Мерцедес-Бенц на сите времиња и поставува нови мерила во брзината на полнење.“ За тежината на новитетот на Мерцедес да биде пореална во однос на побарувачката, новиот ЦЛА се нуди и во целосно електрична изведба и како благ хибрид со бензински мотор.
Фабриката во Раштат целосно ја покрива својата потреба од енергија од обновливи извори. Дел од енергијата се произведува во соларните централи во самата фабрика, дел се набавува од дистрибутери што испорачуваат ЦО2-неутрална струја.
Во 2024 година, Мерцедес ја намали вкупната емисија за 1 тон по секое произведено возило. Драстично е смалена и количината од отпаден материјал по секое возило: Фасцинира податокот дека од секое произведено возило остануваат само 250 грами материјал што е неискористен.
















