Киа ЕВ3, моделот чијашто премиера на македонскиот пазар се очекува наскоро, финалист е во трката за насловите на Најдобро дизајниран автомобил, најдобро електрично возило и за главната титула на Светски Автомобил на 2025 Година.
Жирито на светскиот избор на автомобил на годината го сочинуваат 96 реномирани автомобилски новинари од 30 држави.
Победниците во одделните категории и носителот на главната титула на најдобар автомобил во светот за 2025 година, ќе бидат објавени на 16-ти април, на посебна свеченост во рамките на салонот на автомобили во Њујорк.
Во последното пречистување за финалето, Киа ЕВ3 се наоѓа на стартната линија за победа во три категории. Жирито уште сега најавува дека електричниот компакт ЕВ3 е меѓу трите модели што имат најголеми изгледи да победат. Дисциплините во коишто треба конечно да се докаже моментно најдостапниот електричен модел на Киа: Најдобар дизајн, најдобро електрично возило, најдобро возило во светот во сите категории.
Финалистите:
Светски автомобил на годината
- БМВ Икс 3
- Киа ЕВ3
- Хјундаи Инстер
Светски електричен автомобил
- Киа ЕВ3
- Хјундаи Инстер
- Порше Макан
Светски луксузен електирчен автомобил
- Порше Макан
- Порше Панамера
- Волво Е Икс 90
Светски спортски автомобил
- БМВ М5
- Порше Карера ГТС
- Порше Тајкан Турбо ГТ
Светски градски автомобил
- БИД Сигал / Долфин Мини
- Хјундаи Инстер
- Мини Купер Електрик
Најдобро дизајниран автомобил во светот
- Киа ЕВ3
- Тојота Ланд Крузер 250
- Фолксваген ИД Баз
Намерата на Киа со ЕВ3 е значително да го прошири кругот на купувачи, со тоа што понуди компактен модел што со цената и противвредноста се споредува со модел со обичен погон.
Дизајнот е впечатлив и прогресивен, а внатрешноста пречекува со просторност, функционалност и комфор.
Досегот од околу 600 километри во најспособната изведба е рекорд во класата. На тоа се надоврзува и полнење од 10 до 80% за 31 минута.
[the_ad id=”85764″]
На списокот со победници во изборот за Светски Автомобил на Година, Киа ги има ЕВ9 (главна титула 2024), ЕВ6 ГТ (перфромаљнси, 2023), Телјурајд (главна титула, 2020), Соул ЕВ (градски, 2020).
















