Кевин Александер Леиман, 20, бил приведен кон завршетокот на февруари во Гејнсвил, Флорида, откако персоналот во салонот на БМВ утврдил дека тој не е кредитоспособен за купување такво возило и не може да му отстапи возило вредно 130.000 долари на тест-возење.
Полицијата во Гејнсвил околу 2 часот попладне на 25-ти февруари, добила повик од вработен во салонот на БМВ, по насилното влетување на 20-годишник со својот автомобил во салонот. Кевин Леиман влегол во салонот со намера да купи БМВ М4 ЦС, вредно 130.000 долари. Откако по проверката од страна на персоналот било утврдено дека Кевин не е кредитоспособен за таква набавка, како услов за тест-возење, тој почнал да се однесува насилнички кон вработените, додека тие се обидувале да предложат друг начин за финансирање на скапата набавка.
Леиман потоа се упатил кон канцелариите зад изложбениот простор и почнал да ги пребарува фиоките. Тој извлекол клуч од една фиока и тргнал да излезе. Вработен му кажал дека тоа е клуч од друго возило, побарал да го врати клучот и да го напушти салонот.
Леиман потоа со часови чекал во своето возило на блиското паркиралиште. Кога забележал дека вработен го внесува БМВ М4 ЦС назад во салонот, тој со своето возило влегол прво во паркиралиштето на дилерот, а потоа се залетал директно во стаклениот излог на салонот. Од тоа е настаната штета и на објектот и на возилото.
Следи уште едно поглавје. Овој излегол од својот автомобил, влегол во канцелариите и му нанел удар во лице на друг вработен во дилерството. Леиман пак почнал да претура по фиоките, барајќи го клучот од БМВ М4 ЦС.
View this post on Instagram
Според полицијата, нанесена е штета на објектот во висина од 50.000 долари, како и штета од уште 5.000 долари на лакот на БМВ, поради искршените стакла во излогот.
Против Леиман е поднесено обвинение за обид за кражба на возило и оштетување објект. Според Судот, тој претходно не е осудуван, дента дошол во Алачуа и не е вработен. Судијата Мешон Ролс му одредил условна казна, редовно посетување психолог и забрана за излез од 7 часот навечер до 7 часот наутро.
















