Кинеската марка на Стелантис ќе открие нов модел на салонот во Минхен

Липмотор Б10 имаше европска премиера на салонот во Париз во есента 2024 година

Засега само две марки на концернот Стелантис – Липмотор и Опел – потврдија дека ќе изложуваат на салонот во Минхен што се одржува од 8-ми до 15-ти септември и наследник е на славниот фракфуртски ИАА.

Најголемиот производител на авотмобили во Кина, БИД, ќе учествува на салонот, покрај Рено и германските марки Ауди, БМВ, Мерцедес-Бенц, Порше и Фолксваген.

Липмотор не откри поединости околу новиот модел во соопштението за медиуми.

Концернот Стелантис во 2023 година вложи 1,5 милијарда евра за за откупи 20 проценти од акциите во Липмотор. Потоа следеше основање заедничка компанија, Липмотор Интернационал, којашто продава автомобили на кинескиот производител надвор од Кина.

Липмотор почна да произведува автомобили во Европа, во фабриката на Стелантис во Полска. Од готови модули од Кина се врши завршна монтажа на Т03, градско мини со електричен погон.

Покрај Т03, во Европа се продава и СУВ-моделот од средна класа Ц10, во целосно електрична изведба и во изведба со помошен генератор. Следниот модел за европскиот пазар е Б10, компактен СУВ, што стартува со продажба годинава.

Моделот Ц10 е конструиран врз платформата Леап 3.0 на Липмотор и безбеден е за пет ѕвезди според Е-НКАП.

Во планот за нови модели што беше објавен во минатата пролет, следниот модел што е предвиден за лансирање по В10 е компактна комбилимузина, со продажба што треба да стартува во 2026 година. Потоа доаѓаат малечка комбилимузина од класата на Поло и Клио, како и малечок СУВ, до средината на 2027 година.

Според податоците од Датафорс, Липмотор во јануари продаде 837 автомобили во Европа. Од нив, 714 се од моделот Т03, останатите стотина примероци се од Ц10.

Претседателот на Стелантис, Џон Елкан, којшто раководи со концернот откако поранешниот извршен директор Карлос Тавареш си замина во почетокот на декември, изајви пред инвеститорите на 26-ти февруари, дека заедничката компанија со Липмотор „постигна добар старт“ и дека матичната компанија во Кина била профитабилна во последниот квартал лани, со продадени околу 300.000 возила.

Во времето на Тавареш, повеќето марки на Стелантис отсуствуваа од големите салони. Производителот сепак се реши да одвои повеќе средства за маркетинг, па на салонот во Париз во минатата есен се појавија неколку марки. Покрај тоа, сите европски марки на Стелантис, заедно со Џип, имаа штандови на салонот во Брисел во јануари.

Видеото од тестот на БАИЦ У5 Плус

Претходна објаваШкода го отвори својот прв автосалон во Оман
Следна објаваТинејџер од Флорида влетал со кола во салон на БМВ, откако бил одбиен за тест-возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here