ЕУ бара Индија да ги намали царините и да си отвори поголем пазар за автомобилите

Трајбер е миниван со седум седишта што Рено го произведува со индискиот партнер

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, во рамките на својата посета на Њу Делхи, побара Индија да ги намали царините за увоз на автомобили, соопшти висок претставник од Унијата.

Повикувајќи се на заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за воведување реципрочни царини, претставникот кажа дека ЕУ ќе изврши притисок, за Индија да ги скуси царините за одредени стоки и да го прошири пазарот за своите производи. За возврат, Унијата ќе одговори со тоа што се дозволи поголема слобода во поглед на прашањата околу агрикултурата, за да се забрзаат преговорите за слободна трговија.

„Индискиот пазар е релативно затворен, посебно во поглед на производите што се од комерцијален интерес за Европската Унија и за индустриите на нашите држави членки. Тоа вклучува автомобили, вина и жестоки пијалоци,“ кажа претставникот, што бара да остане анонимен поради доверливата природа на разговорите.

Дводневната посета на Фон дер Лејен, што почна на 27-ми февруари, во придружба на лидерите од државите членки на ЕУ, се совпаѓа со затегнувањето на геополитичките состојби. Брисел и Њу Делхи бараат подрачја од заеднички интерес, со цел да ја зајакнат соработката во рамките на нивното стратешко партнерство.

Фон дер Лејен се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди на 28-ми февруари, по што следеа разговори со минисерот за трговија, Пијуш Гојал.

Следната рунда трговски преговори ќе се одржува од 10-ти до 14-ти март во Брисел.

ЕУ побара царините да се смалат, во услови кога Трамп се заканува дека ќе воведе реципрочни царини, почнувајќи од април, што воведе немир меѓу индиските извозници.

Аналитичарите од Сити Рисерч проценуваат дека потенцијалната загуба може да достигне 7 милијарди долари на годишно ниво.

ЕУ е најголем партнер на Индија во трговијата со стоки, којашто достигна 126 милијарди долари во 2024 година. Тоа е за 90% повеќе во споредба со претходната деценија.

Како дел од својата стратегија за отстранување на ризиците, ЕУ има намера да ги зајакне економските и безбедносни односи со Индија, да воведе поширока размена и да ја намали зависноста на клучни производи од Кина.

ЕУ исто така ја гледа Индија како витален сојузник во поглед на прашањата околу безбедноста, изјави претставникот, вклучувајќи закани од сајбер напади и тензии во Јужнокинеското Море и во Индо-Пацификот.

И покрај двостраните интереси, аналитичарите ценат дека е мала можноста за посетата да вроди со плод.

За да се постигне подлабока соработка, ЕУ мора да ја признае Индија како земја што нуди безбедност на податоците, изјави Аџај Сривастава, основач на Иницијативата за глобална трговија со седиште во Делхи и поранешен преговарач на Индија со ЕУ.

„Додека двете страни се загрижени околу Кина, ниту една од нив не го гледа тоа како највисок приоритет,“ кажа Сривастава, додавајќи дека Индија е фокусирана на граничните тензии со Кина, додека ЕУ повеќе е загрижена околу конфликтот меѓу Украина и Русија и интересите на Нато.

Видеото од тестот на Тојота Ланд Крузер 250

Претходна објаваБИД сака да пушти корени во Европа, продажбата во Германија не врви добро
Следна објаваЕУ бара производителите да добијат три години фора за да ги достигнат ЦО2-целите за 2025 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here