Полицијата во Лас Вегас ќе патролира со Тесла Сајбертрак

Цртеж од Тесла Сајбертрак што ќе ги користи единицата за брзи интервенции на полицијата во Лас Вегас.

Полицијата во Лас Вегас нарачала 10 примероци од пикапот од нерѓосувачки челик. Тоа ќе биде „најголемиот возен парк од полициски пикапи Тесла во земјата,“ оценува шерифот Кевин Мекмехил.

Средствата за набавката на возилата во целост потекнуваат од донатор, за којшто полицијата отпосле соопшти дека станува збор за инвеститорот Бен Хоровиц и неговата сопруга Фелиција. Еден од 10-те Сабјертракови ќе  биде на располагање на единицата за брзи интервенции.

„Ги сакаме овие нешта, затоа што полицајците внатре ќе бидат заштитени од сé,“ наведе Мекмехил во својот годишен извештај. „Тие сопираат куршуми. Тие се одлични и за привлекување нов кадар.“

Непробивното стакло беше една од рекламираните одлики на Сајбертрак, кога електричниот пикап беше пуштен во продажба во 2023 година. Обидот на Илон Маск да ја прикаже таа одлика сепак мина безуспешно, при промовирањето на пикапот во 2019 година, кога два прозорци беа искршени.

Мекмехил кажа дека неговата станица ги нарачала пикапите пред Сајбертрак да експлодира близу хотелот на Трамп во Лас Вегас. Воен ветеран го разнесе изнајмениот пикап пред влезот во хотелот, при што тој загина и седум лица беа повредени.

Сајбетрак чини околу 80.000 долари, без државни субвенции за електрични возила. Мекмехил цени дека електричниот пикап поседува бројни предности во споредба со традиционалните полициски возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LVMPD (@lvmpd)

Замислете кога ќе излеземе и ќе ги полниме овие нешта, на службениците постојано ќе им пристапуваат луѓе од заедницата, за да видат како работи тоа,“ изјави шерифот за тв-каналот КСНВ. „Тоа е можност да се поттикне хумaноста, да се прошири нашата соработка, да се зголеми разбирањето, да се развиваат односи.“

Видеото од тестот на Шкода Кодиак

Претходна објаваСтелантис очекува новите модели да донесат раст во продажбата и профитот
Следна објаваЕУ ќе предложи мерки да се зголеми продажбата за електрични возила, се бара локално производство на батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here