Мерцедес ја укинува ознаката Е Ку и електричните модели не ги двои од тие со класичен погон

Новиот ЦЛА, на сликата уште маскиран, почнува со продажба годинава, со електричен, приклучен хибриден и бензински погон.

Тоа е отстапување од досегашната стратегија, за моделите со погон на струја да се издвојуваат во посебна серија Е Ку, како што е случај со Е Ку С и Е Ку Е во лимузинска и СУВ-изведба, кошто се нудат посебно, покрај класичните Е-Класа и С-Класа.

Е Ку повеќе нема да се користи како носечка ознака за моделите со електричен погон. Новите модели на Мерцедес ќе се произведуваат во верзии со електричен и со класичен погон, со напомена дека моделите со приклучен хибриден ќе носат ознака Е Ку Хајбрид Технолоџи, додека моделите со целосно електричен погон ќе имаат дополнителна ознака Е Ку Технолоџи.

На пример, ознаката на целосно електричната изведба од новиот ЦЛА, што ќе има премиера кон средината на годинава, ќе гласи ЦЛА со Е Ку Технолоџи.

„Ја јакнеме нашта традиционална логика на означување по класи и повеќе нема да користиме ‘Е Ку’ во означувањето на новите возила,“ изјави претставник на Мерцедес. Во германската марка се убедени дека треба да се продолжи со користење на ознаката Е Ку, заради континуитет.

Мерцедес уште лани им ја најави промената на своите дилери во САД, коишто побараа поголема флексибилност во погонот, поради забавената продажба на електричните модели Е Ку Е и Е Ку С.

„Остануваме на курсот“, кажа извршниот директор Ола Калениус, посочувајќи на последниот стратешки план на Мерцедес, којшто почна да се реализира во 2022 година и ставаше нагласок на продажба на најскапите модели на марката и на електричните модели. „Но, кога светот ќе се смени, мора да се приспособиш. Точно тоа го правиме со возењето по две ленти со батериски електрични автомобили и автомобили со мотор со внатрешно согорување“, додаде Калениус.

Отстапувањето од претходниот план вклучува и збогување со целосно електричната лимузина Е Ку Е, којашто беше пуштена во продажба кон завршетокот на 2022 година. Нова Е-класа со целосно електричен погон ќе биде лансирана во 2027 година, најавија од Мерцедес-Бенц.

Штутгарт не појасни дали идниот модел ќе биде замена за Е Ку Е, наведувајќи само дека е „прерано да се откриваат повеќе информации околуи нашата идна понуда од модели, од стратешки причини.“

Мерцедес во 2024 година продаде 12.391 примероци од Е Ку Е во Европа, што е за намалување од 21 проценти во споредба со 2023 година. За споредба, Штутгарт продаде 45.772 примероци од Е-Класа, што е зголемување од 32 проценти во споредба со една година пред тоа.

Електричниот Мерцедес-Бенц Е Ку Е почна да се продава во 2022 година

При преоѓањето на електричен погон, производителите на автомобили требаше да решат дали да произведуваат посебно модели со електричен погон, а посебно модели со обичен погон, и какви ознаки да користат за нив. Мерцедес-Бенц имаше посебни модели Е Ку како пандан на класичните Е- и С-класа. Наспроти тоа, ЕВ-моделите од компактната и од средната класа делат иста каросерија со моделите со обичен погон, но носат ознака Е Ку. На пример, Е Ку Б користи иста каросерија со ГЛБ, меѓутоа е чисто електрично возило.

БМВ масовно ја примени својата стратегија со повеќе видови погон, со исклучок на електричниот СУВ-модел и Икс, којшто е сосем различен од Икс 5, од СУВ-моделот од вишата класа што користи мотори со внатрешно согорување. Минхен користеше „и“ за да ги разликува своите електрични модели, на пример и Икс 3, наспроти Икс 3 со класичен погон. Во моментов уште е неизвесно како ќе се означуваат идните модели што се конструирани врз платформата Ное Класе.

Првиот ЕВ на Ауди, големиот СУВ-модел Е-трон и големата спортска лимузина Е-трон ГТ, беа посебни модели со различна ознака. Ауди подоцна реши да ги смени ознаките, за ЕВ моделите да користат парни броеви, како А4 или Ку 6, додека моделите со класичен погон требаше да носат парни броеви, како А3 или А5. Премиум марката на концернот Фолксваген неодамна објави дека ќе ѝ се врати на традицијата и ќе ги користи броевите да укаже на големината на своите возила, без разлика на видот на погон.

Калениус ја најави идната понуда од модели на 20-ти февруари, за време на конференцијата за инвеститори и објавувањето на билансот. Имајќи го предвид забавувањето на продажбата на ЕВ и неизвесноста околу идните закони на два клучни пазари, ЕУ и САД, Калениус кажа дека е важно да се задржат повеќе видови погон и да се продолжи со вложување во мотори со внатрешно согорување.

Од 36 нови модели што ќе се појават до завршетокот на 2027 година, 19 ќе бидат со мотори со внатрешно согорување, додека 17 модели ќе бидат чисто со електричен погон. Тука спаѓаат и неколку АМГ-варијанти, како и освежувања на постоечките модели.

„Ќе имаме балансирана слика со БЕВ (батериски електрични возила) и ИЦЕ (со мотор со внатрешно согорување). Сé ќе стои на располагање до длабоко во 2030-те,“ кажа Калениус. Мерцедес лани отстапи од целта, по 2030 година да продава само електрични автомобили во Европа.

Од 100 произведени примероци од златниот Мерцедес, еден се најде во Скопје

Претходна објаваБМВ Ген 6: Кои се можностите на новиот електричен погон во Ное Класе
Следна објаваФолксваген, БМВ и БИД ја зголемија продажбата во јануари, европскиот пазар сепак во минус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here