Лексус со новата изведба ги инспирира возачите да излезат на терен

Марката што лани имаше најголем раст во продажбата во Европа од сите премиум марки, го пушта својот Ен Икс во изведба Оувертрејл, што дозволува подолги излети надвор од асфалтот.

Лексус ги охрабрува намерниците по својот Ен Икс да се впуштат во зафрлени плажи што се далеку од метежот, по возбудливи патеки по планините и во средини со живописна глетка на природна убавина. Тоа се средините што менаџерите на луксузната марка ги имаа на ум, кога ја развиваа новата изведба на компактниот СУВ-модел Ен Икс, со име Оувертрејл.

Новата специјална изведба на најпродаваниот СУВ на Лексус на европскиот пазар е „осмислена за луѓе што сакаат да исчекорат од секојдневието и да уживаат во животен стил со нишка на авантура, но со префинетост и со удобност што се суштината на Лексус“, објаснуваат менаџерите на марката.

Насоката во којашто Лексус се движи со своите модели е отелотворена во мотото „направи луксузот да биде лична работа“. Во случајот на Ен Икс Оувертрејл, тоа се огледува во појавата што оддава моќност и погодност за возење на терен, додека во внатрешноста се ужива во изработка како кај занаетчија (принципот на Такуми), и во удобност и спокојство (принципот на Омотенаши, на јапонска гостопримливост).

Каросеријата на Лексус Ен Икс Оувертрајл е подигната за дополнителни 15 милиметри. Серијата поседува црни тркала од 18 инчи со посебен дизајн, со високи гуми за секаква подлога. Маската е лакирана црно, исто како и основата на ретровизорите, кровните шини, носачите на магленките и рачките на вратите. Посебно за Оувертрејл е наменета новата боја, мун десерт, месечева пустина.

Внатре пречекуваат седишта со солидна странична поддршка, обложени со мека вештачка кожа тахара, во црна и кафено-жолтеникава боја, со опшивка во контрастна боја. Тоа е својствено само за Оувертрејл. Врската со природата внатре ја постигнуваат украсните плочки со изглед на дрво, со годови што преоѓаат неосетно од една во друга површина.

„Домарот“ што е задолжен за климата, се грижи за вистинската температура и за чист воздух внатре, а за внатрешноста подобро да се вклопи со средината, може да се избира меѓу 64 бои на осветлувањето во кабината.

Оувертрејл е дел од новата стратегија на Лексус, понудата од модели да се проширува постојано и да се освојуваат нови кругови на купувачи. Според лускузната марка на Тојота, една големина не одговара за сите, и тоа е воедно идејата зад „направи лускузот да биде лична работа“.

[the_ad id=”73735″]

Лани Лексус имаше рекордна година, со продадени преку 850.000 возила, за 3,3 проценти повеќе отколку една година пред тоа. Европскиот пазар ѝ порасна за 20 проценти, со што марката го постигна досега најголемиот удел во регионот.

Европска продажба на Лексус во 2024 година

Примероци
LEXUS 88,184
IS (inc. IS Hybrid) 41
ES (inc. ES Hybrid) 5,136
  ES Hybrid 4,578
LS (inc. LS Hybrid) 94
  LS Hybrid 94
NX (inc. NX Hybrid) 26,635
  NX Hybrid 16,841
  NX PHEV 9,182
UX (inc. UX Hybrid & BEV) 10,959
  UX Hybrid 8,841
  UX BEV 1,860
RX (inc. RX Hybrid & Plug-In Hybrid) 13,772
  RX Hybrid 6,215
  RX PHEV 4,427
LBX Hybrid 23,018
RZ BEV 4,001
LM Hybrid 1,011
RC (inc. RC Hybrid) 61
LC (inc. LC Hybrid) 454
  LC Hybrid 20
GX 618
LX 2,384

Видеото од тестот на Тојота РАВ4 со приклучен хибриден погон

Претходна објаваНовиот Сангјонг Ектион имаше премиера во Истанбул
Следна објаваСузуки Џимни доби изведба со 5 врати, прво во Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here