Донгфенг Менгши Технолоџи, огранокот на Донгфенг што меѓу другото го произведува М-Херо 917, едно од најспособните теренски возила во историјата, ја доби честа да биде главен партнер на 15-то Ер Шоу во Џухај, Кина.
Кинескиот производител Донгфенг, што летоска беше мошне актуелен на македонската сцена со Фортинг Т5 Ево, со Фенгон 600, па и со Еолус Шајн, заслужи голема чест во својата земја, како партнер на Џухај Ершоу Груп, организатор на авио-смотрата во Џухај.
Донгфенг Менгши 917, односно кај нас М-Херо 917, деновиве служи како официјално возило за 15-то Кина Ершоу. Тоа од една страна е признание за довербата што Кина ја има во способностите на ова исклучително теренско возило – патем електрично – додека од друга страна претставува и признание за наследството што го има Донгфенг во воената техника.
Покрај врвните теренски својства, М-917 нуди и врвен луксуз, и претставува мошне угледен превоз. Во неговиот развој се применети искуствата на Донгфенг во воената техника. Шоуто во воздухот почна на 12-ти ноември, и покрај најновите и најспособнби летала, светот ќе може да ги погледне и најсилните оружја на Кина, покрај шармот на ова ориентално луксузно теренско возило со елеткричен погон.
Организаторот го рекламира настанот како една од 5-те најголеми аеро-смотри во светот, на којашто се претставуваат „највисокото ниво на технологија во воздушниот простор, како и прецизни и напредни оружја и опрема.“ Првиот Кина Ер Шоу беше одржан во 1996 година и оттогаш се одржуваше без прекин во следните 14 години.
Компанијата Донгфенг е основана, подржувана и почитувана од армијата. Во соопштението се вели дека нејзината историја отсекогаш „го придружувала патот да се зајакнат земјата и армијата.“
Овој модел на Донгфенг е преголем залак за европски стандарди
Тоа што сцената надвор од Кина досега не го знаеше околу заднината на М-Херо 917 е искуството на Донгфенг во развој и производство на воена опрема, вклучувајќи и најспособни теренски возила. Донгфенг Менгши е воедно најстарата марка воени возила во Кина, со почетоци пред 55 години.
Смотрата трае до 17-ти ноември.
















